17:07 - 2 април, 2026

„Среќен 40-ти роденден“: Кралското семејство јавно му го честиташе роденденот на принцот Хари

На 15 септември, принцот Хари, најмладиот син на кралот на Велика Британија Чарлс Трети, го прослави својот 40-ти роденден. Неговото височество и другите членови на кралското семејство јавно му го честитаа роденденот на војводата од Сасекс.

Актуелниот монарх и неговата сопруга кралицата Камила објавија порака на нивниот официјален X профил: „Денес му посакуваме на војводата од Сасекс среќен 40-ти роденден!“

Принцот и принцезата од Велс, и покрај нивната долгогодишна отуѓеност, му се придружија на кралот Чарлс во испраќањето на изненадувачка лична порака до принцот Хари по повод неговиот 40-ти роденден.

На нивната страница на Инстаграм, принцот Вилијам и принцезата Кејт напишаа: „На војводата од Сасекс му посакуваме многу среќен 40-ти роденден“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Вреди да се одбележи дека таткото и братот на принцот Хари споделија иста фотографија од насмеаниот војвода. Војводата од Сасекс е прикажан во светлосиво сако и бела кошула, а на раката носи нараквица со неговиот потпис. Таткото и братот до фотографијата ставија емоџи со розова роденденска торта.

Според извор на англиски Експрес, кралот има намера лично да стапи во контакт со својот најмлад син, што би можело да сигнализира почеток на затоплување на заладените односи меѓу војводите од Сасекс и кралското семејство.

 

Слични објави

(Фото) Јелена Розга „не ги соблекува“ штиклите од 750 евра: Ги има во повеќе бои и редовно ги носи на настапи

Еспресо

Почина дерматологот Тамара, ќерка на фотографот Јадран Лазиќ

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Резонантната магнетофореза – современа неинвазивна терапија

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ се пофали со скап подарок – Тигар дал 1.200 евра за прстен

Еспресо

Мистерија што сè уште интригира: Пејачката Јелена Марјановиќ беше убиена пред 10 години, убиецот сè уште непознат 

Еспресо

(Видео) Јаков Јозиновиќ ѝ одговори на Карлеуша: „Публиката го даде одговорот“

Еспресо
Се вчитува....