8.8 C
Скопје
23:08 - 25 април, 2024

Средба со Васко Дамчевски, физиотерапевт и фитотерапевт: Луѓето бараат помош дури откако ќе се појави болка

Најдобра превенција за болки во грбот е масажата и лесни вежби за истегнување, но луѓето почнуваат да преземаат нешто дури откога ќе бидат принудени, поради болката, да бараат помош.

Сè поголем е бројот на луѓето кои се жалат на болки во грбот, а според процените во секој момент со ваква болка се соочува 15 отсто од населението. Кај некои овие болки се хронични што значително го намалува квалитетот на живот. Болките во долниот дел на грбот најчесто не се поврзани со сериозни причини, се појавуваат кај работно активните луѓе, особено кај оние што работата ја извршуваат седејќи и не се занимаваат доволно со физичка активност. На оваа тема разговараме со дипломираниот физиотерапевт Васко Дамчевски, кој уште на почетокот ни открива дека граѓаните на Македонија најчесто му се обраќаат поради проблеми со болките во грбот и вратот, зглобовите,болки и трпнење во рацете и нозете, но и поради вртоглавици.

При кои заболувања физиотерапијата може да се користи како монотерапија – независен тип третман и колкава е ефикасноста во лекувањето?

– Како независен третман физиотерапијата може да биде многу ефикасна при состојби како спондилоза, дископатија, дискус-хернија, исто така кај главоболки и болки во вратот поврзани најчесто со стресот и работата, подобрување на циркулацијата и протокот на енергијата низ организмот. Ефикасноста на третманите зависи од повеќе фактори – времетраењето на болката, возраста, причината за појава на болката и секако од соработката и активното учество на пациентот во процесот на неговото лекување.

Сведоци сме на различни производи што маркетиншки се нудат преку медиумите, но што навистина помага во случај на болка во грбот?

– Најефикасна би била примената на вежби, масажи и превентивно делување, најважно е да се внимава на положбата при седење, да се заземе правилна позиција без искривување на телото и да се избегнува претерано седење во иста позиција, туку да се прават повремени паузи и лесно раздвижување.

Каква улога има масажата и физиотерапија во превенција на заболувања и колку сме свесни за превенцијата? Или, пак, обично Ви се обраќаат откако ќе се појави проблемот?

– Најдобра превенција е масажата и лесни вежби за истегнување, но, за жал, луѓето почнуваат да преземаат нешто дури откога ќе се појави болка, значи кога ќе бидат принудени да побараат помош и тогаш лекувањето е подолготрајно.

Како вљубеник во природата, што научивте од неа и како ги применувате природните екстракти во терапијата?

– Човекот е дел од природата и најмногу што може да помогне на здравјето на луѓето е да се применува она што е природно, да се избегнуваат вештачки хемиски супстанции и да се употребуваат билки и за одржување на здравјето како и за надминување на одредени болести. Со моето дваесетгодишно искуство како физиотерапевт и фитотерапевт природните методи како масажа, фитотерапија и лекување со билки, ги сметам за најдобри начини за одржување на здравјето и надминувањето на болестите за да го доведеме нашиот организам во хармонија и да му овозможиме правилно функционирање. Значи, примена на природата за долг и здрав живот.

БОЛКАТА ВО ГРБОТ Е ПРОЦЕС

Во повеќето случаи на болката во грбот или во вратот и на ишијасот им требаат недели, месеци, па дури и години за да се развијат. Обично човек не е свесен за проблемот, сè додека нешто не почне да го боли. Но, ретко кога болката во грбот е резултат на некој единствен инцидент. Ако ги исклучиме повредите како оние добиени при сообраќајна несреќа, болката во грбот обично не настанува преку ноќ. Многу луѓе седат со часови во текот на денот, особено ако работат со компјутер или ако возат автомобил или камион. Човечкото тело не е создадено да седи толку долго време. Затоа денес можеме да видиме толку многу случаи на болка во грбот, во споредба со ситуацијата од пред неколку децении. Седењето предизвикува дополнителен притисок врз ’рбетот. Тоа исто така ги контрахира мускулите во предната страна на колковите и задната страна на нозете, истовремено ослабнувајќи други мускули, како што се оние во задникот и абдоменот.

Дополнително, повеќето луѓе заземаат неправилен став на телото додека седат. Рамениците се закривени нанапред, главата истакната напред, а грбот искривен во форма на буквата „C“. Кога ќе станат од седечката положба, чувствуваат стегнатост во задната страна на нозете и во колковите, и повеќето од нив ја задржуваат таа подгрбавена поза дури и кога се во исправена положба.

Замислете си дека предницата на вашиот автомобил е нецентрирана, што предизвикува нерамномерно абење на гумите. Истото може да им се случи и на вашите мускули. Правењето една иста работа одново и одново може да го исфрли телото од неговата правилна алинеација, принудувајќи го да се адаптира и да работи под необични агли. По подолг период на работа на ваков начин, некои мускули, тендони, лигаменти и зглобови се истрошуваат, додека други – што едвај да се користат – стануваат вкрутени и слаби. Крајниот резултат на овој долг процес честопати е состојба како што е болката во грбот, но може да се манифестира и во форма на многу други состојби, какви што се болки во стапалата, во колената, во колковите, проблеми со рамената, синдром на карпалниот тунел и цела низа други проблеми. За несреќа, рендгенските, магнетно-резонансните и компјутерско-томографските снимки не откриваат многу нешто од нерамномерното изабување за кое зборуваме, така што многу луѓе не се ни свесни што ја предизвикало нивната болка. Дури и ако се подложат на третман што би можел да им донесе извесно олеснување, тие пропуштиле да се зафатат со основната причина, што доведува до веројатноста дека ќе треба да се занимаваат со проблемот во текот на подолг временски период.

Слични објави

(Видео) Никола Роквиќ откри колку пари собрал за четири дена: Српскиот пејач тргна пешки на пат долг 1.060 км за Грција

jasmina.kantardzieva

„Беше кратко и слатко“: Јелена Карлеуша повторно на суд поради Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Раста успешно опериран! Српскиот рапер покажа како се опоравува

Еспресо

(Фото) Ден пред погребот, објавен е мистериозен некролог за Бојана Јанковиќ: Без потпис

еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ носи часовник од 500.000 евра! Убавата тенисерка прошета уникатен „Ролекс“

Еспресо

(Фото) Црна позадина, без зборови: Поранешниот сопруг на покојната водителка Бојана Јанковиќ занемен од тага и болка

Еспресо
Се вчитува....