18:06 - 30 јануари, 2026

„Срцето ми беше полно што е тука“: Саша Ковачевиќ ја поканил поранешната девојка на концерт иако не ја видел одамна

Instagram

Пејачот Саша Ковачевиќ  ги сумираше впечатоците од претходната вечер по коцеротот во Сава Центар во Белград и истакна колку уживал.

На прашањето за впечатоците и како помина сè, тој одговори:

„Да, денес е поопуштено. Не се сеќавам кога сум добил толку многу позитивни критики. Благодарен сум. Мисијата ми беше на сите луѓе што ќе дојдат да им извлечам насмевка на лицето, можеби и некоја солза, да има размена на емоции“, раскажува Саша.

Тој откри и како ја поминал вечерта по концертот.

„Ги имав тука моите цареви од мојата фела. Сите сме како фамилија и по прекрасната вечер ја крунисавме со една здравица, а потоа се вративме во салата и уште еден час по концертот продолживме да пееме“, вели Ковачевиќ.

Нè интересираше дали сите колеги што ги поканил се појавиле на концертот.

„Искрено, требаше да има уште познати личности, пред сè пријатели, но сите се настинати и ден пред концертот неколку колеги откажаа. Им посакувам брзо закрепнување“, вели тој.

Саша истакна колку му значи поддршката од колегите и ја спомена Александра Пријовиќ.

„Прија ги знае сите песни, многу ми е драго што колегите го сакаат и почитуваат тоа што го работам. Можеби ќе направиме некој дует, тоа е добра идеја. Прија направи исклучителни успеси, не знам дали некој во изминатата деценија или две направил таков успех како неа. Јас ѝ посакувам сета таа среќа понатаму… Таа го заслужува местото на кое е“, порача тој.

Свршеницата на Саша, Зорана Тасовац, синоќа првпат зборуваше пред камерите, но тоа не ѝ било пријатно, иако на Саша тоа му било многу симпатично.

„Таа не сака да зборува пред камери, веројатно поради трема. Многу е комуникативна, но не е за медиуми. Вели дека била концизна со одговорите, но добро се снајде. Мене ми е најважно таа да е среќна и насмеана, а тоа ме прави најсреќниот човек на светот.“

За поранешната девојка

Тој откри дека на концертот ја поканил и поранешната девојка, која и се појавила, по што прокоментира:

„Беше очекувано да дојде, најде слободно време. Срцето ми е полно што и таа беше во публиката. Тоа што не си со некого во врска не значи дека не треба да бидете пријатели и да негувате одредени емоции еден кон друг, иако тоа не се љубовни емоции. Важно е што нè поврзува некоја друга дефиниција на љубовта. Не сум ја видел долго време и кога ја видов вчера, навистина срцето ми беше полно“, порача Саша.

Слични објави

(Фото) Најжешкото издание досега: Јована Јеремиќ позира во чипкан градник и мрежести хулахопки

Еспресо

(Фото) Изгледа 20 години помладо: Кристина Агилера позираше топлес на Модната недела во Париз

Еспресо

(Фото) Ален Исламовиќ годишно заработува 50.000 евра само од ова: Вака изгледа луксузната вила со базен, тениско игралиште и плантажа со лешници

Еспресо

Душица Јаковљевиќ потврди дека Мина и Каспер влегуваат во „Задруга 9 Елита“: Откри детали за нивната врска зад камерите

Еспресо

(Фото) Зорана доби луксузен автомобил од вереникот: Вака изгледаше изненадувањето во Мајами!

Еспресо

(Фото) Прослава во семејството Гудељ: Балони, конфети и емотивна порака – „Избрав пат што никогаш не би го менувал!“

Еспресо
Се вчитува....