13:43 - 2 април, 2026

Србите полудеа поради невкусните шеги на хрватскиот „Евросонг“ Дора, се огласи и Марија Шерифовиќ: „Проблемот е во недостатокот на талент“

Во саботата се одржа хрватскиот избор на песна за настап на овогодинешниот Евросонг – Дора 2023. Освен што на многумина им беше непријатно да ги слушаат „шегите“ на водителката, динамичното трио беше уште потешко да се гледа . И како што обично се случува, Хрватите им замерија на соседите Срби. Но зошто?

Имено, Мирко Фодор во еден од своите говори се осврна на песната на Марија Шерифовиќ со која победи на Евровизија.

„Една таква се нарекува „Молитва“. Таа дури и победи на Евровизија. Додуша, таа не беше наш претставник, но разбравме неколку зборови од таа песна“, изјави Мирко.

Погледнете го тој момент во видеото.

Тоа на Србите не им се допадна, а многумина побрзаа да ја известат Марија Шерифовиќ, испраќајќи ѝ пораки. Најпосле и таа се огласи.

„Затрупано ми е сандачето. Луѓе се е кул…Само се работи за недоволна духовитост. Секогаш е проблемот во недостаток на талент“, напиша кратко Марија.

Потоа потсети дека хрватското жири во 2007 година неа ѝ дал максимални 12 поени.

„Само љубов“ – додаде.

За потсетување, Хрватска оваа година во Ливерпул ќе ја претставува Лет 3 со песната „Mama ŠČ“.

„Навистина ви благодарам на сите. Се обидовме, но не очекувавме. Па, ајде, што сега не чека“, рече Мрле по победата.

Мислењата беа поделени за нивната победа во Хрватска, но и меѓу љубителите на Евровизија ширум светот. И додека некои веруваат дека се идеални за Евровизија што ќе се одржи во Ливерпул во мај, има и негативни коментари кои се прашуваат „што им е на Хрватите?“

Слични објави

(Фото) Тиркизен костим во спа-центар – Елена Велевска ја нарекоа „голема бомба“

Еспресо

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

К.С.

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.
Се вчитува....