3.8 C
Скопје
23:04 - 26 декември, 2024

Совети од Клиника „Жан Митрев: Тироидектомија – отстранување на тироидната жлезда

Постојат неколку заболувања на штитната жлезда, кои се лекуваат со отстранување делови или целата тироидна жлезда. Како за сите други хируршки постапки, така и за тироидектомијата пациентите треба да поминат низ предоперативна подготовка, која се состои од процена на општата состојба на целокупниот организам, а најмногу на кардио-пулмоналниот систем. Оваа подготовка ја води анестезиолошкиот тим во соработка со хирургот.

Хирурзите обично вршат тироидектомија со општа анестезија, така што нема да бидете будни за време на процедурата. Хируршкиот тим поставува неколку монитори на вашето тело за да го проверат пулсот, крвниот притисок и нивото на кислород во крвта во текот на целата процедура. Овие монитори вклучуваат манжетна за крвен притисок на вашата рака и доводи за монитор на срцето прикачени на градите. По внес на пациентот во анестезија, хирургот прави рез, најчесто околу 10 сантиметри (инцизија) ниско во центарот на вратот, веднаш над градната коска. Често може да се стави во браздата на кожата каде што ќе биде тешко да се види по заздравувањето на засекот. Целата или дел од тироидната жлезда потоа се отстранува, во зависност од причината за операцијата.

Ако правите тироидектомија поради рак на тироидната жлезда, хирургот може да ги испита и да ги отстрани лимфните јазли околу тироидната жлезда. Кај некои пациенти, хирургот користи специјална опрема за да ја следи иритацијата на гласните жици за време на процедурата за да спречи трајно оштетување. Тироидектомијата вообичаено трае еден до два часа, иако понекогаш може да потрае повеќе или помалку, во зависност од наодот на тироидната жлезда.

Постоперативен тек на тироидектомијата

По тироидектомијата, пациентите се разбудуваат во операционата сала или во собата за будење и закрепнување, каде што ќе бидат екстубирани, ќе дишат спонтано и ќе закрепнуваат од анестезијата и од операцијата. Ова закрепнување обично трае еден час.
Пациентите цело време се без болка, па нема да чувствуваат никаква непријатност во постоперативниот тек. На местото на засекот, раната ќе биде покриена со газа. Под раната се поставува пластичен дрен – цевка низ која ќе се дренира раната во наредните 24 часа. Дренот обично се отстранува утредента по операцијата, кога пациентот ја напушта клиниката. Пациентите по тироидектомија може да имаат чувство на отежнато дишење или зарипнатост, но тоа поминува за неколку часови по операцијата и најчесто е последица на иритацијата од тубусот за време на операцијата.

Тироидектомијата претставува хируршки зафат за кој се останува во болница 24 часа по операцијата. Пациентите веднаш може да јадат и да пијат вообичаено како и пред операцијата.

Резултати од тироидектомијата

Долгорочните ефекти на тироидектомијата зависат од тоа колкав дел од тироидната жлезда е отстранета.
– Делумна тироидектомија
Ако се отстрани само дел од тироидната жлезда, преостанатиот дел обично ја презема функцијата на целата тироидна жлезда. Значи, можеби нема да ви треба терапија со тироидни хормони.
– Целосна тироидектомија
Ако ви се отстрани целата тироидна жлезда, вашето тело повеќе не може да произведува тироидни хормони. Без лекови, ќе развиете симптоми на недоволна тироидна жлезда (хипотироидизам). Овие симптоми може да вклучуваат сува кожа, замор и зголемување на телесната тежина. Ќе треба да земате пилула секој ден што содржи синтетички тироиден хормон левотироксин.

Што да очекувате по направена тироидектомија

Најчесто поставувано прашање по хирургијата на тироидната жлезда секогаш е прашањето за губење на гласот и неретко појавата на намален калциум во крвта – хипокалцемија. Губење на гласот во тироидната хирургија е секогаш можна и неретко присутна појава, која се должи, најчесто, на повреда на рекурентните нерви, кои ја регулираат работата на гласните жици. Постојат и други причини за губење на гласот постоперативно, најчесто следува омекнување на дишникот од притисокот на тироидеата врз него како и директна повреда при анестезиолошки процедури односно интубацијата со цевка. Повредите на рекурентниот нерв во светски рамки, според извештаите на многубројните хируршки центри за операции на тироидната жлезда, се движат во рамките на 2-3 % на таканаречени минливи повреди, а 0,3 до 1 % и трајни повреди, кои доведуваат до трајно губење на гласот, што претставува извонредно низок просек на повреди.
Најчесто при тироидектомијата настанува менување на гласот, што се враќа во нормала во рок од два до три месеци постоперативно.
Хипокалцемијата настанува како последица од намален паратироиден хормон постоперативно, како последица на инцидентно повредување или вадење на паратироидните жлезди, компликација што е многу ретка во современата хирургија на тироидеата.

За да закажете преглед кај проф. д-р Ристо Чоланчески – торакален хирург, јавете се во нашиот контакт-центар на 02/3091-484

Комерцијален текст

Слични објави

(Фото) „Имам подливи..“: Сопругата на Дарко Лазиќ ги смали усните и го смени личниот опис, еве како изгледа сега

Еспресо

(Фото) Празнична идила во Севиља: Немања Гудељ позира со Анастасија Ражнатовиќ, фудбалерот не може да ја тргне насмевката од лицето

Еспресо

(Видео) Северина ја покажа празничната трпеза, меѓу украсите и еден со ликот на Јосип Броз Тито

Еспресо

Српски медиуми: „Бреговиќ го затегна лицето во Турција, тоа задоволство го чинеше 5.000 евра!“

Еспресо

(Фото) Фатени заедно: Еве каде беа и што правеа Марија Шерифовиќ и Јована Пајиќ

Еспресо

(Видео) Сопругата на Сергеј Трифуновиќ сподели видео од семејната куќа, а тој никогаш не бил поемотивен: „Кукли мои! Многу сте слатки!“

Еспресо
Се вчитува....