-4.2 C
Скопје
07:51 - 22 декември, 2024

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Ринопластика – патот до совршен нос

По операцијата пациентот поради присуството на тампоните во носот има неможност за дишење преку носот, што претставува најголема тегоба по операцијата, но болка речиси и да нема.

Ринопластика претставува медицински термин што ја опишува хируршката процедура за естетска или реконструктивна операција на носот, вклучувајќи реконструкција и менување на обликот на коските и на ‘рскавиците на носот и носната пирамида. Целта е овој важен орган да се подобри визуелно и функционално.

Кои се потребните чекори пред да се планира операција?

Најпрво потребен е преглед од пластичен хирург како и од ОРЛ-хирург. Во текот на прегледот се проценуваат естетските недостатоци на пациентот, неговите желби, но се проценува и функционалноста во однос на назалното дишење, по што се креира план за оперативен третман, односно дали е потребна ринопластика или пак септоринопластика. Предоперативно, потребно е да се направат соодветни анализи и подготовка на пациентот. Една од најважните е микробиолошката анализа, односно брис од носот. Неопходно е за да се планира и да се пристапи кон операција, да биде исклучено присуство на какви било бактерии во носот. Доколку микробиолошката анализа покажува присуство на бактерии во носот, тогаш потребен е антибиотски третман и одложување на операцијата додека не се добие чист микробиолошки наод. Како и за секоја друга операција, пациентот е потребно да биде здрав, да нема присутни инфекции и воспалителни процеси не само во околината на носот туку на целото тело. Останатата подготовка за операција вклучува општа подготовка на пациентот. Тоа значи задолжителен анестезиолошки преглед, предоперативен интернистички преглед и лабораториски крвни анализи.

Оперативен третман

Оперативниот третман се поставува во тек на предоперативниот преглед. Во зависност од потребата и желбата на пациентот, оперативниот третман вклучува естетска корекција на носот, функционална корекција на носниот септум или, пак, комбинација од двете. Кога е во прашање естетската корекција на носот, тааможе да биде поделена на корекција на врвот на носот или, пак, корекција на целата носна пирамида. Најчесто се прави корекција на целата носна пирамида со корекција на носната грпка, стеснување во предел на коренот на носот и ремоделирање на носните ‘рскавици со цел стеснување и подигнување на врвот на носот – ринопластика. Во зависност од дебелината на кожата на носот како и во зависност од поставените цели за оперативниот третман, ринопластиката може да биде од отворен и од затворен тип. Кога пациентот има и девијација на носниот септум – кога тој е крив кон едната страна од носот, во тој случај се прави корекција на самата девијација. Овој оперативен третман може да се направи како засебна операција, кога пациентот сака само оперативен третман од функционален аспект, но може да се направи и како комбинација на функционалниот и естетскиот недостаток, таканаречена септоринопластика.

Постоперативна нега

Во постоперативниот период, пациентот првите пет дена има тампони во носните ходници. Овие тампони потребно е да стојат пет дена, што е и најтешкиот период за самите пациенти, бидејќи во овој период пациентот мора да дише преку уста. Петтиот ден по операцијата се извлекуваат тампоните при што пациентот повторно ќе може да дише на нос, во тој момент се воочува и ефектот од оперативниот третман на носниот септум. Покрај тампоните, пациентот има преврска на носот, која вклучува и гипсена лонгета. Лонгетата e од голема корист по ринопластиката и мора да стои 10 дена. По десеттиот ден се отстранува и тогаш пациентот може да го води првичниот резултат по направената ринопластика. Пред операцијата, секој пациент потребно е да знае дека оток и хематом околу очите е нормална појава по направената ринопластика и тие се од минлив карактер. Хематомите се повлекуваат во период од 10 до 15 дена по операцијата, но отокот на носот се повлекува во период од 6 месеци.

Пациентот потребно е да избегнува удари во пределот на носот. Исто така, потребно е да се избегнува кивање или каков било притисок врз носот во првите месец дена, по можност и подолг период. Во првиот месец потребно е да се избегне спиење на страна, особено да се избегнува спиење на стомак. Важно е да се напомене дека пациентот по естетската операција на носот, визуелниот ефект од направената естетска операција може да го увиди веднаш по отстранувањето на гипсената лонгета и преврската, но исто така важно е да се напомене дека овој визуелен ефект не е краен. Отокот по операцијата се намалува во првите 10 до 15 дена, но не целосно. Целосното повлекување на отокот се случува во период од 3 до 6 месеци, што значи дека целосниот визуелен ефект пациентот ќе го воочи неколку месеци по самата операција.

Комерцијален текст

Слични објави

Хороскоп за 22 декември: Бик да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо

(Видео) Црногорската инфлуенсерка ја шокираше јавноста со својата изјава: Деца, ако учите, ќе можете да ми го миете автомобилот

Еспресо

(Фото) Ќерката на Цеца скршена по страшниот напад во Загреб: Анастасија се огласи со срцепарателна порака

Еспресо
Се вчитува....