12.8 C
Скопје
19:30 - 24 октомври, 2026

Совети од клиника „Жан Митрев“: Пет клучни совети за одржување добро здравје кај мажите

Следењето на овие едноставни совети, ќе ви помогнат да се чувствувате посреќно, поздраво и подобро подготвени за да уживате максимално во животот.

Зафатените распореди често ги спречуваат мажите да живеат поздрав живот, односно да обрнат внимание на своето здравје. Но, тоа не мора да биде така. Затоа подготвивме неколку основни совети.

Консумирајте здрава храна

Погрижете се вашата исхрана да се состои претежно од зеленчук, протеини, овошје, јаткасти производи и целозрнести житарки. Иако не треба целосно да се лишувате од храна што е надвор од овие групи, ограничете го внесот на десерти, бел леб, печива и алкохол. Одржувајте го вашиот план за здрава исхрана едноставен така што ќе го испланирате вашето мени, вашите ручеци и закуски уште на почетокот на неделата. Ова ќе ви помогне да избегнете посегнување по брза и нездрава храна во текот на денот.

Вежбајте

Редовната физичка активност е од суштинско значење за да изгледате и за да се чувствувате најдобро. Изберете спортска активност во која уживате. Тоа може да биде вежбање со тегови, трчање или возење велосипед и одвојте време за тоа неколкупати неделно. Препораката од СЗО е 45 минути интензивна физичка активност 5 пати во неделата или 60 минути умерена секој ден.

Направете годишен контролен преглед

Мажите честопати не сакаат да одат на лекар, но годишниот преглед е најлесниот начин за спречување или лекување големи здравствени проблеми. Со извршување неколку едноставни тестови, вашиот лекар може да стори сè, од процена на ризикот од срцев удар до откривање рак на простата и да создаде план за лекување за кој било проблем што ќе биде дијагностициран.

Не заборавајте да пиете витамини

Веројатно имате некои нутритивни недостатоци дури и ако применувате режим на здрава исхрана. Дневниот мултивитамински внес гарантира дека ги примате хранливите материи што ви се потребни за да останете физички и психички здрави. Ние би ви препорачале да изберете од палетата на витамини „Orthomol“, кои се лесно достапни во нашите аптеки (Orthomol cardio, Orthomol immun, Orthomol Vital M, Orthomol mental, Orthomol sport, Orthomol tendo, Orthomol arthroplus).

Инвестирајте во вашето ментално и емоционално здравје

Не заборавајте да одвоите време за активности во кои уживате и да одржувате блиски, здрави пријателства за да го зајакнете вашето ментално и емоционално здравје. Закажете ги овие активности добро однапред и третирајте ги како да станува збор за работен состанок со важен клиент; откажете го само доколку е апсолутно неопходно.

Лекарите во Клиничката болница „Жан Митрев“ ви стојат на располагање за сите потребни прегледи, консултации и совети со кои би можеле да ви овозможат поздрав и посреќен живот. Закажете термин на 02 3091 484

Комерцијален текст

Слични објави

(Фото) Карлеуша од глава до пети во „Гучи“, од вкупната цифра ќе ви се сврти во главата!

Еспресо

„Каде и да одиме, Верица ме срами“: Вељко Кузманчевиќ се пошегува за сопругата која е 35 години постара од него

Е.А.

„Нема утеха“, песната со која Александра Пилева го освои „Макфест“: „Секојпат кога ја пеам ме обземаат емоции“

Т.Ц.

Сузана Манчиќ го продала станот во Белград за 500.000 евра: Соседите ги откриле сите детали

Еспресо

„Оживеав, не би му го посакала тоа на никого“: Емотивната исповед на Мина Костиќ за лекувањето во психијатарската установа

Еспресо

Барате квалитетна клуб маса? Искористете ги октомвриските попусти во Wood room

Еспресо
Се вчитува....