2.8 C
Скопје
21:35 - 22 февруари, 2025

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Холестерол – причини, видови и превенција

Вишокот на холестерол во крвта, тој може да се акумулира во ѕидовите на артериите и да предизвика кардиоваскуларни проблеми.

Најголем дел од холестеролот се создава во црниот дроб, но може да се внесе и преку конзумирање на одреден вид на храна. Затоа, најчеста причина за зголемено ниво на холестерол е внесот на заситени масти како што се оние кои се наоѓаат во путерот, необезмастените млечни производи, јајцата, пецивата и преработените месни производи. Други причини кои можат да придонесат за зголемен холестерол се: седентарен начин на живот, дебелина, хипотироидизам, дијабетес, проблеми со бубрезите, семејна историја на високо ниво на холестерол.

Какви видови на холестерол постојат?

Постојат два вида на холестерол:

Холестерол HDL или добар холестерол: го влече холестеролот од крвта до црниот дроб за да се елиминира, поради што се смета за добар за нашето кардиоваскуларно здравје.

Холестерол LDL или лош холестерол: го носи холестеролот од црниот дроб до ткивата на телото.
Ако нивото на холестерол во крвта е повисоко од нормалното, може да се акумулира во ѕидовите на артериите во форма на наслаги, со тоа правејќи ги потесни и на тој начин зголемувајќи го ризикот од коронарна срцева болест.

Како се мери холестеролот?

Холестеролот се испитува преку крвна анализa (многу е важно да сте гладни пред тестот за податоците да бидат сигурни). Нивоата на холестерол се мерат во милиграми на децилитар (mg/dL), а нормалните (здрави) вредности за возрасни се прикажани подолу:

Вкупен холестерол: 125 до 200 mg/dL

LDL: Помалку од 100 mg/dL

HDL: 40 mg/dL или повисоk (за мажи) и 50 mg/dL или повисок (за жени)

Колку често треба да се прави тест за холестерол?

Сo прегледи за прв пат треба да се започне пред 35 години – за мажи, односно пред 45 години за жени. А некои студии, препорачуваат да се започне на возраст од 20 години. Вредностите на холестерол во крвта треба да се следат и затоа е потребно да се прават последователни тестови:

Aко резултатите биле нормални, на секои 5 години.

Kај лица со дијабетес, висок крвен притисок, срцеви заболувања, мозочен удар или проблеми со протокот на крв во нозете или стапалата, фреквенцијата треба да биде поголема.

Барем еднаш годишно ако земате лекови за контрола на високoто ниво на холестерол.

Како може да се спречи холестеролот?

За да се спречи покачен холестерол, се препорачува следното:

Одржувајте врамнотежена исхрана без заситени масти, како што е медитеранската исхрана богата со зеленчук, мешунки, житарки и овошје.

Правете физички вежби редовно.

Избегнувајте тутун бидејќи истиот влијае во намалување на добриот холестерол (HDL).

Во Клиничката болница „Жан Митрев“ се дијагностицира и третира секаков вид медицинска патологија во координација со кардиолози, гастроентеролози и останатите медицински и хируршки специјалисти. Советувајте се со стручниот тим и решете ги сите Ваши сомнежи на персонализиран начин.

Закажете го Вашиот преглед на 02 3091 484

Комерцијален текст.

Слични објави

Продала носени гаќички за 10.000 долари: Тамара Бојаниќ откри какви барања добива на платформата за возрасни

Еспресо

Драгана Мирковиќ во друштво на еден од најмоќните луѓе: Дали луксузниот одмор во Дубаи крие и нов бизнис?

Еспресо

(Видео) Поранешната на Харис Џиновиќ „уловена“ во Монако: Мелина излегла од луксузен хотел, па ја пречекале со бесен автомобил бентли

Еспресо

(Фото) Сергеј Трифуновиќ приклучен на инфузија: Сопругата Исидора објави фотографија, цело време е покрај него

Еспресо

Хороскоп за 22 февруари: Стрелците ќе бидат повредени во љубовта, Девиците ќе решат семеен проблем

Еспресо

Славење во домот на Анабела „Фанки џи“: Луна Ѓогани му се обрати на својот очув со емотивни зборови

Еспресо
Се вчитува....