4.8 C
Скопје
13:21 - 21 јануари, 2025

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Ендометриоза – симптоми, дијагностика и третман

Во повеќето случаи, ендометриозата предизвикува силна болка, особено за време на менструалниот циклус.

Ендометриозата е состојба при која ткивото кое ја обложува внатрешноста на матката, расте надвор од неа. Обично тоа може да се случи во јајниците, јајцеводите, од надворешната страна на матката и карличните органи. Во повеќето случаи, ендометриозата предизвикува силна болка, особено за време на менструалниот циклус. Бидејќи ткивото што ја обложува внатрешноста на матката се однесува како ендометриум, се распаѓа и крвари со секој менструален циклус, кога нема излез од телото, се заглавува, предизвикувајќи формирање на цисти пределот на јајниците познати како ендометриуми. Околното ткиво може да се иритира и последователно да развие ткиво со лузни и адхезии, што предизвикува слепувње на карличните ткива и органи.

Кои се симптомите?

Меѓу најчестите симптоми се:

Болни циклуси (дисменореа): Болка во карлицата, грчеви, а понекогаш и болки во долниот дел на грбот и стомакот кои обично се јавуваат за време на менструалниот период. Сепак, тие понекогаш можат да започнат пред или да продолжат неколку дена по неговото завршување.

Прекумерно крварење: Жените со ендометриоза обично имаат обилни менструални периоди, а понекогаш и крварат помеѓу менструациите (пробивно крварење).

Болка при дефекација или мокрење

Болка за време или после сексуален однос

Замор или недостаток на енергија

Гастроинтестинални или дигестивни симптоми

Неплодност: присутна кај околу 30-40% од жените со ендометриоза.

Кои се факторите на ризик?

Вообичаени фактори кои можат да го зголемат ризикот од ендометриоза се:

Немање деца (доколку не сте родиле деца)

Доколку имате член во семејството со ендометриоза

Доколку менструален циклус сте го добиле пред 11 годишна возраст

Имате кратки менструални циклуси

Имате тешки менструални циклуси, кои траат повеќе од 7 дена

Како се дијагностицира ендометриозата?

-Ултразвукот е основната техника со која првично се дијагностицира ендометриоза. Сликата е релативно типична: цисти на јајниците со специфичен изглед.

-Тестови на крвта, кои может да се направат по основано сомнение за присуство на ендометриоза.

Вообичаено се тестира зголемена вредност на маркерот CA-125. Ова не е тест кој рутински се користи во дијагностичкиот протокол, од проста прчина што иако неодамнешните студии укажуваат на зголемување на овој маркер во крвта кај жени со ендометриоза, сепак не сите жени со ендометриоза страдаат од промени во овој маркер.

-Лапароскопијата е оперативна техника која овозможува да се набљудува внатрешноста на абдоменот. Кај млади пациенти, особено доколку целта е да се запази плодноста, потребно е да се елиминира ендометриозното ткиво со зачувување што е можно повеќе здраво ткиво.

-Кај пациенти на возраст над 45-50 години и постари, најчесто се предлага да се отстранат двата јајници за да се избегне малигна дегенерација.

-Доколку дијагнозата на ендометриоза со ултразвук не е јасна или кога маркерот CA-125 е многу изменет, гинекологот може да побара дополнителни испитувања како што се КТ или МРИ.

На каков начин се третира ендометриозата?

Успехот на неговата контрола лежи во навремена дијагноза, во правилно медицинско-хируршко управување и во ефективен пристап.

Лапароскопија, се користи за отстранување на израстоци на ендометриумот.

Лапаротомија, која е поопсежна операција се користи при отстранување на целиот ендометриум кој не се наоѓа на своето место.

Хистеректомија, која претставува целосно отстранување на матката и евентуално на јајниците е последната опција која се предлага како таква.

Клиничката болница „Жан Митрев“ располагаа со тим од високо квалификувани гинеколози кои можат да ги разрешат сите ваши сомнежи и да ве водат во текот на процесот на дијагностицирање и лекување на персонализиран начин.

Закажете го вашиот преглед на 02 3091 484

Комерцијален текст.

 

Слични објави

Дечкото на Милица Тодоровиќ се пресели од Загреб во Белград поради неа: Еве зошто тоа го крие од јавноста

Еспресо

„Има 10 станови што се издаваат само во село“: Стоја со години инвестирала во бизнис, месечно заработува 5.000 евра

Еспресо

(Видео) Доналд и Меланија Трамп заиграа на балот, првата дама блесна во моќна креација на Ерве Пјер

Еспресо

(Видео) Го поврзуваа со неа, а сега му пееше на роденденот: Душко Тошиќ славеше роденден до зори во Белград, сите очи вперени во пејачката

Еспресо

Анастасија Ражнатовиќ го затвори салонот во Белград! Еве зошто престана бизнисот што ќерката на Цеца го започна со другарката

Еспресо

Хороскоп за 21 јануари: Раковите ќе доживеат непријатни изненадувања во љубовта, Лавовите да внимаваат со парите, а вие?

Еспресо
Се вчитува....