-3.2 C
Скопје
00:05 - 22 ноември, 2024

Соседите откриваат детали за скандалот на Александра Младеновиќ: Бившиот работел како жиголо, претел дека ќе се убие…

Пејачката Александра Младеновиќ го пријавила своето поранешно момче Стефан Ч. за закани и малтретирање, а набргу по пријавата бил приведен во полиција, но по неколку часа бил пуштен на слобода.

Сега Александра, како што открива нејзината пријателка и колешка пејачка Вања Мијатовиќ, живее во постојан страв зашто „не знаете што следно може да се случи“. Во домот на Александра, престојува и спие и Вања.

„Не спие три-четири дена, ниту може да спие. Се надевам дека се ќе заврши без преголема врева и јавувања. Се трудам да ѝ бидам голема поддрпка. Секоја вечер сме заедно“ – објаснува Вања.

Во меѓувреме Александра повторно е уловена од страна на српските медиуми во полициска станица за да го пријави бившиот за вознемирување.

По излегувањето на новинарите им рекла дека тоа морала да го направи бидејќи Стефан ја прогонува повторно, со денови, а нејзината безбедност е загрозена.

-Тој човек ми го загорчи животот, тој е психопат. Прво, ми украде многу пари од станот. Ми се закани и со самоубиство, дека ќе земе лекови и ќе се обеси. Потоа дека ќе си пука во глава. Отпрвин беше прекрасен, а потоа се промени. Не знаев дека се коцка. Се запознавме на интернет. Слушнав секакви работи за тоа со кого е и што прави. Сега пак повикав полиција, тој ми беше пред врата. Се што пишуваше беше со намера да го извалка моето име – изјавила вознемирената пејачка.

Додека таа разговарала со новинарите пред полициската станица, Стефан на социјалните мрежи почнал да објавува приватни преписки и фотографии со пејачката од кои се гледа дека двајцата биле во емотивна врска.

– Ти бараш риби, а со мене си. Срамота. И беше со некоја во Сараево. Таа вели дека си ја тепал. Девојката ми испрати се – му напишала (додека биле во врска) пејачот на Стефан во порака, на што тој јавно одговори:

– О, јас сè уште тепам девојки. Па нека ги објави доказите јавно. Веднаш, тука, некоја што со прст што сум ја допре. Душманска мајка да ви *бам! – напиша Стефан постирајќи заеднички фотографии.

Но тоа не било се, Александра своевремено го обвинила сега бившиот дечко дека има склоност кон истиот пол.

„Оди и не враќај се веќе. Сакаш мажи, ме мамеше, нарачуваше девојки. Имаше пред недела дена друга со која си долго. Мртов си за мене. Мртов! – му пишувала Младеновиќ, а набрзо добила одговор.

„Никогаш не сме се виделе, ниту запознале, а првата вечер ме повика кај неа во стан, каде што престојував три четири дена, беше мртва пијана…И јас продолжив врска со таква девојка. Прво кревет, па запознавање, а сега глуми чесност. Првата ноќ кога дојдов имаше отворени кондоми, фалеа два. Кој знае каде била во бурната ноќ. Толку од мене – напиша Стефан на Инстаграм.

Екипата на српски Курир отишла пред зградата во која живее Александра. Се обиделе да стапат во контакт со неа, но таа не им одговорила. Таму ја сретнале нејзината сосетка, која им открила што се случувало за време на драмата.

– Овде беше хаос. Сите сме сè уште во шок. Овој на Александра дојде таму и удираше по зградата, викаше. Колку што слушнав од Александра, таа го избркала од станот пред неколку дена, кога жестоко се расправале бидејќи не сакала официјално на сите да им го претстави како дечко, што навистина го изнервирало. Потоа си заминал, а во меѓувреме Александра добила разни преписки и докази дека Стефан е всушност машки жиголо, кој за пари има врски и со мажи и со жени и затоа оди во Дубаи. Тогаш таа полуде. Потоа тојдојде овде во понеделникот, викаше и тропаше. Таа излезе, почна да вика и да нарекува педе*. Постојано велеше да ја остави на мира и дека ќе повика полиција. Тој почна и да плаче, рече дека ќе се убие, дека не може без неа, дека некои им го прават ова намерно за да ги разделат. Потоа со часови седеше тука во автомобилот и пушташе музика. Сите сме исплашени – им рекла на новинарите на српски Курур преплашената сосетка.

Стефан завчера бил пуштен од притвор, па на Инстаграм повторно објавил пораки објаснувајќи дека се е во ред, дека и понатаму ја сака Александра а постирал и нивни заеднички фотографии.

 

Слични објави

Поранешна помошничка на Лепа Брена откри каква е пејачката приватно: Eдна работа никогаш нема да ѝ ја заборави

Еспресо

(Фото) Босански пејач доживеа сообраќајна несреќа во центарот на Белград! Автомобилот му е целосно уништен

Еспресо

(Фото+видео) Неда Украден подготвена за куќната слава, пејачката виткаше сарма со внуката

Еспресо

(Фото) Тело како на божица! Наташа Беквалац во проѕирен тил ги покажа градите и рамниот стомак

Еспресо

(ФОТО) Дарко Лазиќ и Катарина ја крстија ќерката: Малата Срна е преслатка во бел фустан со панделка на глава

Еспресо

(Фото) Анастасија Гудељ засукала ракави и направила пита: Рецептот се подготвува брзо и лесно

Еспресо
Се вчитува....