13:17 - 8 јануари, 2026

Соседите на Милица Тодоровиќ открија детали за бременоста: Татко ѝ е пресреќен, а мајка ѝ со нетрпение го чека внучето

Пејачката Милица Тодоровиќ брои ситно до породувањето, а последните месеци ги минува мирно, далеку од јавноста. Таа живее на релација Белград – Крушевац, во својот дом и во семејната куќа на родителите, каде што ужива во трудничките денови и ретко се огласува на социјалните мрежи.

Соседите од Крушевац имаат само пофални зборови за пејачката и нејзиното семејство. Една од комшиките открива дека Милица ја познава уште од детството и дека отсекогаш била омилена во маалото.

„Ја знаеме од мала, со нашите деца растеше. Тие се прекрасна и чесна фамилија, а Милица никогаш не ги посрамотила. Прошетајте низ комшилукот – никој нема лош збор за неа“, вели таа.

За медиумите проговорија и родителите на пејачката, кои открија дека бременоста тече одлично и без никакви компликации. Таткото Милан не ја крие среќата, а мајката со нетрпение го очекува моментот кога ќе стане баба.

„Милица е одлично, постојано се слушаме. Сега поретко доаѓа, што е сосема нормално – одмора и сè поминува во најдобар ред. Таа ни кажа да не зборуваме многу за приватноста, но јасно е дека ова се убави работи и дека луѓето ги интересираат“, изјави Милан.

Мајката додава дека целото семејство „брои ситно“ и дека најважно е сè да помине како што треба.

Слични објави

(Видео) Треба да раѓаш, одвратна: Бетика ги објави сите навреди кои ја заболеа

msp-admin

Мина Костиќ го запозна семејството на Каспер: Еве како дечкото од Њујорк се однесува кон пејачката

Еспресо

(Фото) Адријана Алачки си замина од Македонија, новата приказна ѝ е неверојатна

msp-admin

Жељко Самарџиќ ѝ ја исполни желбата на сопругата Маја: „Сега можам сам да си ги врзувам чевлите“

Еспресо

Ретка семејна слика: Пораснаа децата на Живкица

msp-admin

(Фото) Сите во капути, таа во бикини: Маја Шупут ужива со „господин совршен“ на егзотична дестинација

Еспресо
Се вчитува....