36.6 C
Скопје
15:50 - 30 јули, 2026

Соседите на Јаков Јозиновиќ го „разврзаа“ јазикот за младиот пејач

Додека последните недели јавноста не престанува да зборува за наводната љубовна врска меѓу Јаков Јозиновиќ и Џејла Рамовиќ, хрватските медиуми ги посетија Винковци – градот во кој пејачот е роден и пораснал, за да дознаат повеќе за неговото детство и животот пред славата.

Според луѓето кои го познаваат со години, Јаков отсекогаш бил примерен, воспитан и талентиран млад човек, а успехот воопшто не го променил.

Во локалниот паб, каде што ги имал своите први музички настапи, велат дека токму таму ја заработил и својата прва хонорарна заработка.

„Кај нас настапуваше за време на викендите и тука го заработи својот прв хонорар. И денес, кога ќе дојде во Винковци, задолжително навраќа да се потсетиме на убавите времиња. Славата не го промени, остана ист – нормален и скромен. Пред да стане регионална ѕвезда, веќе беше омилен пејач на Јадранот, а потоа благодарение на социјалните мрежи стана познат и пошироко. Мајка му секогаш му беше најголема поддршка и редовно доаѓаше со него на настапите“, раскажал еден од вработените во локалот.

Јаков е познат и како голем верник. Во парохијата што редовно ја посетувал со својата мајка откриваат дека бил член на црковниот хор.

„Јаков е многу побожно момче. Со мајка му редовно доаѓаше на светите литургии и пееше во црковниот хор. Бог му подари прекрасен глас, а тој го користеше за Божја слава. Денес повеќе време поминува во Загреб, но кога е во Винковци, секогаш доаѓа на богослужба. Тој и неговото семејство негуваат вистински христијански вредности“, изјавила една од монахињите во парохијата.

Во населбата каде што пораснал и каде што и денес живеат неговите родители и сестра, соседите имаат само пофални зборови за него.

„Јаков е момче за пример. Сите во Винковци ги знаат Јозиновиќ. Горди сме што, покрај огромниот успех, остана скромен. Малкумина на негова возраст успеале да распродадат толку концерти. Луѓето ја препознаваат неговата искреност и добрина. Кога ќе дојде дома, младите веднаш дознаваат и сакаат да се фотографираат со него. Никогаш не одбива никого – секогаш е насмеан и љубезен“, рекла соседката Верица.

Друга соседка, Ана, исто така истакнала дека Јаков останал ист како и пред славата.

„Секогаш нѐ поздравува и прашува дали ни треба нешто. Исклучително воспитан млад човек. Уште како дете постојано пееше низ маалото и имаше детски микрофон. Сите знаевме дека е роден за музика. Подоцна го следевме во ‘Суперталент’, а беше успешен и во тенисот. Му посакувам сѐ најдобро“, рекла таа.

Слични објави

„Трета средба со Варшава, но пак немав среќа да ја видам сончева“: Каролина Гочева од дождливите улици на Полска

Еспресо

Елена Ристеска ги разнежни следбениците со прекрасни фотографии: „Мојата внука и јас, си пееме“

Еспресо

(Фото) Понекогаш е доволен само еден фустан за вечерта да стане незаборавна – ќе го најдете во бутикот „Прагма“ во ГТЦ

Еспресо

„Да не беше музиката, ќе бев мртов до 25 години“: Десингерица отворено за пороците и животот пред славата

Еспресо

(Фото) Ќерката на Соња Тарчуловска блесна во впечатлив летен стајлинг – Мелани воодушеви со новите фотографии

Еспресо

(Фото) „Засекогаш П“: Во Аеродром откриен мурал во чест на Панчо

Еспресо
Се вчитува....