17:42 - 11 ноември, 2026

(Фото) Му прекипе на Бајага — го навреди следбеникот со „примитивен коњ“ по жестока расправија на Инстаграм

Српскиот музичар Момчило Бајагиќ – Бајага во последно време сѐ почесто јавно одговара на негативните коментари на социјалните мрежи, а една од неговите преписки на Инстаграм предизвика големо внимание.

Расправијата започнала откако еден корисник, кој се претставува како Мирза, напишал дека повеќе не посетува концерти на „Бајага и инструктори“ поради ставот на музичарот за вакцинацијата за време на пандемијата.

„Откако во 2021 година бараше публиката на Ташмајдан да биде вакцинирана за да може да го следи концертот, веќе не одам на концерти на Бајага“, напишал следбеникот.

Бајага не останал должен на навредливиот коментар, па јавно му возвратил:

„Ти благодарам многу што не доаѓаш. Живееме со надеж дека никогаш повеќе нема да те видиме на нашите концерти. Примитивен коњ“, напишал музичарот.

Фото: Скриншот

Ова не е првпат Бајага да се најде во центарот на вниманието поради својата реакција во јавноста.

Неодамна, при враќањето од странство на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, тој бурно реагираше кога го пречекаа новинарски и фотографски екипи.

„Каков ‘добар ден’? Што сте вие? Што правите со тој телефон?“, им се обратил Бајага на присутните новинари, јасно покажувајќи дека во тој момент не бил расположен за разговор со медиумите.

Слични објави

(Фото) Од сомнеж за лажен профил до свадба на Санторини — „македонската Барби“ раскажа како го запознала сопругот

apostolova

Ива Бојановиќ без влакна на јазикот за помладиот дечко на Дара Бубамара: „Како да му е другар на син ми, не би можела!“

Еспресо

(Видео) Мина Костиќ им возврати на колегите по обвинувањата за кражба: „Љубомората е чудо!“

Еспресо

(Фото) Бресквица сподели романтични кадри со партнерот од Дубаи – пејачката блеска на ноќно излегување

Еспресо

(Фото) Ќерката на Даниел Кајмакоски наполни две години, за роденденот си доби торта со Том и Џери

К.С.

(Фото) Стојне Николова во впечатлива бордо креација: Пејачката го покажа својот гламурозен изглед на „Роса фест“

Т.Ц.
Се вчитува....