5.8 C
Скопје
23:58 - 16 март, 2026

Сопругата на Панчо сподели приказна од неговите последни болнички денови

Сопругата на Панчо од „ДНК“, Маја, сподели приказна од негвоите последни денови кои ги помина во болница, борејќи се за живот.

Откако од приватната болница „Аџибадем Систина“ објавија дека 213 дена се бореле за животот на познатиот музичар кој почина вчера како последица на трагичниот пожар во Кочани на 16 март, коментираше неговата сопруга Маја:

– Вие бевте тие кои ми дадовте 7 месеци можност да се гушкам и зборувам сѐ што не си кажавме цел живот, ви благодарам за секоја секунда посветена од сите вас како болница која ми станавте и втор дом изминатиов период. Нема зборови и нема утеха, а знам дека сте и вие скршени од болка“, коментираше Маја и доби многу одговори со сочувство и утеха. Од болницата, претходно напишаа:

– Почивај во мир, драг наш Панчо… Се боревме заедно 213 денови и денес ни одлета…
Нема зборови за утеха за твоите два ангела Марјан и Андреја и за твојата Маја… Нема зборови што можат да ги запрат солзите на нашите доктори, сестри, болничари кои беа 24 часа со тебе … Целата болница, заедно со тебе и твоето семејство се боревме и верувавме“.

 

Слични објави

Ѕвездите ве советуваат како да го изберете идеалниот партнер за вашиот хороскопски знак

Еспресо

„Добила до 1.000 евра за услуга“: Аца Лукас ги разобличи старлетите кои тврдат дека биле со него

E.A.

Јелена Томашевиќ првпат раскажа за моментот кога се сруши на концертот во Црна Гора: „Докторки од публиката ми помогнаа на сцената“

К. А.

„Ведра, весела и преталентирана“: Цеца со емоции се присети на Ксенија Пајчин

Еспресо

Работи зад кулисите и има моќни сојузници: Која е „ледената дама“ Сузи Вајлс, за која Трамп денеска објави дека има рак?

Еспресо

„Кожата ми се менува секој ден“: Едита Арадиновиќ искрено за бременоста

E.A.
Се вчитува....