06:26 - 7 ноември, 2026

Со многу емоции балканските музичари се простуваат од Масимо Савиќ: „Засекогаш ќе бидеш тука…“

Регионот е обземен од тага откако беше објавено дека одличниот музичар и пејач Масимо Савиќ ја загуби битката за живот. Почина на 61-годишна возраст, според некои медиуми, од рак на бели дробови.

Со емотивни зборови од Савиќ се простуваат бројни колеги. Сите ги споделуваат своите искуства со Савиќ, а имаат едно нешто заедничко – на сите ќе им недостига!

Меѓу оние кои на социјалните мрежи се простија од Масимо е и Марија Шерифовиќ.

– Драг Масимо, беше искрена чест да Ве познавам и со Вас да разговарам за музика. Нека ви е вечна слава, напиша Шерифовиќ.

Нина Бадриќ објави видео од неа и Савиќ снимено од телевизијата ХРТ. Тие заедно го изведоа хитот на Масимо „Странац у ночи“.

– Кога ќе останеш без зборови. Искрено сочувство на семејството. Засекогаш ќе бидеш тука – напиша Бадриќ.

И Тончи Хуљиќ се прости од големиот Савиќ.

– Драг пријателе… – напиша Хуљиќ покрај фотографијата на Масимо на која пејачот е насмеан.

Многумина го паметат токму по таа насмевка.

Пејачот Џибони запали свеќа за својот починат колега.

– Запалив свеќа за нашиот добар Масимо. Прерано, несфатливо прерано… Господ да му ја упокои душата – напиша Џибони на Фејсбук.

Масимо е роден на 6 јули 1962 година во Пула, средно училиште завршил во Загреб каде и ја почнал својата музичка кариера.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....