-0.2 C
Скопје
05:06 - 22 ноември, 2024

СО ХРАНА ИЛИ НА ПРАЗЕН СТОМАК: Во кое време треба да земате витамин Ц, а кога витамин Д

Хранливите состојки во суплементите можно е и тешко да се апсорбираат, па затоа е важно и правилно да се земаат за да се постигне вистинскиот ефект.

Многумина од нас земаат витамини и додатоци за да го поддржат своето здравје и имунитет. Еден од предизвиците со кои се соочуваме е изборот помеѓу многуте опции. Можеби уште поголем предизвик е правилно да се одреди приоритетот на внесот на витамините. Се позанимававме со прашањата какви што се: „Дали постои одредено време од денот кога треба да го земаме додатокот во исхраната што ни е потребен?“ или „Дали можеме сите да ги консумираме заедно во исто време?“

Особено ако земеме предвид дека хранливите состојки во суплементите можно е и тешко да се апсорбираат, па затоа е важно и правилно да се земаат со цел да се постигне вистинскиот ефект.

Многу додатоци во исхраната добро функционираат со храната. Всушност, повеќето витамини растворливи во масти најдобро дејствуваат кога се земаат околу оброкот и полесно се апсорбираат.

Во кој период од денот треба да ги земате витамините и минералите?

Витамин Д

Витамините А, Д, Е и К се само некои што секогаш би требало да ги земате околу оброците. Овие витамини телото најдобро ги апсорбира кога се земаат со мрсна храна. Тајната е во тоа што влегувајќи во хранопроводникот, мастите почнуваат да произведуваат жолчка и ензими, кои придонесуваат за транспорт на витамините во црниот дроб и за нивна понатамошна обработка. Добра вест е дека и мала количина масти е доволна да го активира овој круг.

Но, истражувањата покажуваат дека од сите витамини, токму на витаминот Д му треба најмногу храна за идеална апсорпција. Затоа стручњаците советуваат да го земате овој витамин со најголемиот оброк во денот. Со храната, во текот или по вечератa, најдобро во комбинација со калциумот, кој ја зголемува неговата апсорпција.

Меѓутоа, за овие витамини внимавајте дали оброкот што го јадете со нив содржи здрава доза на масти. „Инсајдер“ пишува дека со овие додатоци најдобро е да земате намирници како јајца, маслиново масло и авокадо.

Витамин Ц

На пример, витаминот Ц може да предизвика мачнина и проблеми со варењето кога се зема на празен желудник. За најдобар ефект, препорачливо е да го земате со оброк. Витаминот Ц задолжително испијте го со чаша вода.

Витамин Б

Витамините како Б6 и Q10 се идеални за консумирање наутро бидејќи ќе го кренат нивото на енергија. Постојат осум типа витамини Б и сите помагаат во кревањето на енергијата, во подобрувањето на здравјето на мозокот и расположението, ги намалуваат нуспојавите од ПМС и помагаат во градењето цврсти коса и нокти. Важно е да ги земате наутро затоа што го зголемуваат нивото на енергија и расположението.

Магнезиум

Магнезиумот често се препорачува за луѓето што имаат проблеми со спиењето, енергијата, главоболки, грчеви во мускулите, бавно варење, желба за слатко или анксиозност, тврдат нутриционистите, додавајќи дека магнезиумот треба да се консумира навечер поради неговиот благотворен и смирувачки ефект. Со оглед на тоа што магнезиумот помага кај опуштањето, идеално е да го земате по вечерата. Магнезиумот може да има и лаксативно дејство, па затоа не го земајте преку ден.

Калциум и железо

Додатоците на калциум и железо треба да се земаат со растојание од најмалку 4 часа. Одлучете се за течни додатоци на железо и земајте ги со витамин Ц. Пијте ги со вода или сок од портокал. Калциумот и железото можат да ја инхибираат меѓусебната апсорпција до петпати, а најдобро е да ги земате во различни периоди од денот.

Од другите додатоци во исхраната што добро се согласуваат со храната се и пробиотиците.

Секако треба да земете предвид дека и организмот има свои граници, затоа немојте да голтате грст витамини туку распоредете ги, а најдобро е да се консултирате со вашиот матичен лекар, кој може да ви помогне и да провери дали имате недостиг на одредени витамини.

Слични објави

Поранешна помошничка на Лепа Брена откри каква е пејачката приватно: Eдна работа никогаш нема да ѝ ја заборави

Еспресо

(Фото) Босански пејач доживеа сообраќајна несреќа во центарот на Белград! Автомобилот му е целосно уништен

Еспресо

(Фото+видео) Неда Украден подготвена за куќната слава, пејачката виткаше сарма со внуката

Еспресо

(Фото) Тело како на божица! Наташа Беквалац во проѕирен тил ги покажа градите и рамниот стомак

Еспресо

(ФОТО) Дарко Лазиќ и Катарина ја крстија ќерката: Малата Срна е преслатка во бел фустан со панделка на глава

Еспресо

(Фото) Анастасија Гудељ засукала ракави и направила пита: Рецептот се подготвува брзо и лесно

Еспресо
Се вчитува....