Популарниот пејач Слоба Радановиќ уште еднаш успеа да го привлече вниманието на јавноста и да предизвика бројни реакции со својот директен и ироничен коментар на сметка на колегите од естрадата.
За време на разговорот со своите следбеници на Инстаграм, Радановиќ доби прашање од обожавател: „Зошто повеќето од твоите колеги не ги пеат твоите песни на настапите, барем последните хитови?“
Пејачот одговори без двоумење, во свој препознатлив стил:
„Тоа сепак треба нив да ги прашате. Можеби им се тешки, па да не се мачат… Знаете дека јас со задоволство пеам сè и од секого“, порача Слоба и додаде емотикон што се смее до солзи.

Со овој краток коментар Радановиќ отворено ги пецна вокалните способности на дел од своите колеги.
Покрај ова, пејачот неодамна јавно ѝ се заблагодари и на својата сопруга Јелена, истакнувајќи дека таа му е најголема поддршка и во приватниот и во деловниот живот, а низ шега навести дека во иднина би можел да се испроба и во земјоделството.
