7.8 C
Скопје
22:46 - 1 април, 2026

Славчо Попоски: Температурите растат до 39 степени

– Под влијание на претежно стабилна и сува воздушна маса, во следните денови времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе продолжи да дува слаб до умерен, повремено и тоа особено долж Повардарието и во источните предели засилен ветер од северен правец. Температурите ќе бележат тенденција на секојдневен пораст, а особено топло ќе биде за време на викендот кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 39 степени.

Во Скопје и околината времето во следните денови ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 29 и 37 степени за време на викендот, вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.
Се вчитува....