5.8 C
Скопје
02:09 - 1 април, 2026

Славчо Попоски со летна прогноза: Еве какви ќе бидат јуни, јули и август

Според денешните најнови метео анализи кои ги направивме за претстојното лето, укажуваат на тоа дека нема да имаме лето како што доликува, со вистински летни горештини, стабилно време и чести топлотни бранови, како што беше на пример минатото лето.

Оваа година месеците јуни, јули и август ќе поминат во знакот на МНОГУ НЕСТАБИЛНО време, како и со чести врнежи и грмежи, а постои опасност и од локални ПОПЛАВИ. Температурите ќе бидат околу, или под просекот за летниот период, односно не очекува посвежо лето.

Поплави освен кај нас во Македонија, можни се и во целиот регион, а временските непогоди кои се очекуваат би можело да направат и поголеми штети.

Ова лето постојано територијата на Македонија, како и на целиот Балкански Полуостров ќе бидат под влијание на циклонски активности, како и на влажни и нестабилни воздушни маси. Граѓаните да се навикнат на честите временски непогоди, како и на секојдневниот дожд.

Температурите ова лето ќе бидат далеку пониски за разлика од изминатото лето, а за првиот голем топлотен Африкански бран ќе се изначекаме. Истиот го нема во најава и во јуни месец – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски. 

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....