00:13 - 6 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Температурите ќе се движат од -2 до 20 степени, еве кога!

– Како што најавивме, и во следните денови времето во Македонија ќе се задржи променливо облачно со услови за слаби локални врнежи од дожд и снег на планините, и тоа особено во текот на утрешниот ден. Ќе дува и слаб до умерен ветер и тоа во западните предели од југозападен, додека во останатите од југоисточен правец, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Температурите и понатаму ќе бидат натпросечно високи и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 14 степени. Поголем пораст на температурите ќе имаме од четврток, кога во најтоплите предели тие ќе се искачат дури до околу 20 степени, со што се очекува топење на снежната покривка на планинските места.

И во Скопскиот регион во следните денови времето ќе се задржи променливо облачно, а ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -1 и 1, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 14 степени

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....