– За време на викендот, како и во почетокот од следната недела времето во Македонија ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Исклучок ќе биде утрешниот ден кога во попладневните часови не се исклучува можноста за краткотраен локален пороен дожд и грмежи, и тоа особено во планинските предели. Утре ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Што се однесува до температурите, тие во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 33 степени. И во Скопје и околината за време на викендот, како и во почетокот од следната недела времето ќе биде претежно стабилно , суво и сончево со мала локална облачност. Утре ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурите пак ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 28 и 31 степен – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
Слични објави
(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд
По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“
Се вчитува....
