16.8 C
Скопје
16:38 - 16 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Снегот се ближи и кон Скопје!

– Како што претходно најавивме, под влијание на студена воздушна маса и тоа утре особено претпладне ќе има врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините. Снежната покривка на планините ќе се зголемува, а формирање на снежна покривка ќе има понекаде и на повисоките места. Поради заладувањето, и тоа особено во западните и северните предели услови за провејување на снег ќе има и на некои од пониските места. Сето ова ќе биде проследено и со засилен ветер од северен и од северозападен правец. Максималните температури утре ќе се искачуваат во интервалот само од 0 до 10 степени во најтоплите предели, – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

И во Скопскиот регион утре особено претпладне ќе има врнежи од дожд, додека на околните планини врнежите ќе бидат од снег. Не се исклучува можноста снежната граница да се спушти и на помала надморска височина и во Скопскиот регион. Ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец, додека температурита ќе се искачи до околу 5 степени.

Според Попоски, потоа, поради разведрувањето, особено студени утра ќе имаме во среда и во четврток, кога минималните температури насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -9 до 0 степени, а на планинските места истите има услови да се спуштат и под -10 степени.

Слични објави

Тејана Тејлор во центар на скандал на Оскарите: Камерите ја фатија како вика по маж во ходникот

apostolova

„Тоа беше нејзината одмазда“: Пејач останал сам во шума поради Лепа Брена, го оставиле таму по лет со хеликоптер

Еспресо

„Се тепаа во сепарето“: Што се случувало 24 часа пред убиството на Ксенија Пајчин?

Еспресо

Галантен партнер: Каспер ѝ купил шпорет и фрижидер на Мина Костиќ

Еспресо

Сопругата на Дарко Лазиќ објави емотивно видео со Драган: „Некои работи му припаѓаат на срцето и тишината“

Еспресо

Цел ден клекни-стани: Сузана Гавазова откри како ја одржува формата

msp-admin
Се вчитува....