12:15 - 13 ноември, 2026

Славчо Попоски најавува големо невреме и интензивни врнежи, еве кога

Под влијание на голема влажна и нестабилна воздушна маса од југоисток, како и на циклонска активност, вечерва, како и во следните десттина денови времето во Македонија ќе биде МНОГУ НЕСТАБИЛНО, со честа појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено од пладневните часови па натака.

Поради ЗГОЛЕМЕНАТА енергија во Атмосферата, локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со значително количество на воден талог за кратко време, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град.

Локално во следните десттина денови се очекува да наврне ГОЛЕМО количество на воден талог (над 60-70 л/м2). Токму поради ова постои опасност од локални поројни поплави, па затоа АПЕЛИРАМЕ граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ во случај на појава на невреме.

Во Скопје и околината исто така во следните десттина денови ќе има честа појава на локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а можна е и појава на НЕВРЕМЕ во делови од котлината.

Температурите во следните денови нема да се менуваат и насекаде ќе се искачуваат над 20 степени, додека во централните и во југоисточните предели тие ќе се искачат до близу 30 степени.

За стабилно, суво и многу потопло време без врнежи и понатаму ќе се изначекаме- вели метеопрогнозерот Попоски. 

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.
Се вчитува....