12.8 C
Скопје
12:58 - 24 март, 2026

Славчо Попоски: Дали ќе ви треба за 1 Мај чадор?

– Во текот на новата седмица која е пред нас, времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.  Повремено и локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, а можна е и ретка појава на грмежи.

На највисоките планински врвови во западните и во северозападните предели од Македонија повремено ќе провејува и СНЕГ.

Во следниот период ќе дува и умерен, а особено Долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Температурите повторно ќе бидат ПОНИСКИ од просечните, односно ќе биде посвежо од вообичаеното за почетокот на мај и максималните дневни температури на воздухот во текот на новата седмица ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени, додека повремено во најтоплите централни и југоисточни предели температурите ќе се искачуваат и малку над 20 степени.

Во Скопје и околината исто така очекуваме многу променливо време, повремено со појава на повремен локален дожд. Ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се движи во интервалот помеѓу 19 и 22 степени.

За Африканска топлина во Македонија и во регионот ќе се изначекаме, што значи дека барем според последните направени анализи, до 15 мај нема на повидок продор на топол воздух од Африка, а температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината, односно ќе биде посвежо од вообичаеното – вели метеопрогнозерот Попоски. 

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

„Нe сум родена да живеам сама“ – ексклузивна исповед на Ана Бекута

E.A.

(Видео) Елена Велевска проговори за децата: Секогаш навивам за син ми

msp-admin

„Ти Станија не треба да бидеш пример на девојчињата“ – Понижувањето кое старлетата го доживеа во емисијата на Сања Маринковиќ и денес се прераскажува

E.A.

Миро Кацаров во прегратка на двете деца, посебна слика на водителот со Тадеј и Миа

msp-admin

„Тогаш Бог почнува…“: Лазиќ ноќеска објави снимка од дворот во Брестач

E.A.

Живеевме заедно со Ивона Јо: Тамара Волческа се отвори за несогласувањата со пријателката

msp-admin
Се вчитува....