9.8 C
Скопје
12:59 - 31 март, 2026

„Слаб сум на Македонци, и да не победеше Славица од неа ќе направев регионална ѕвезда“: По победата на струмичанката, се огласи Ѓорѓе Давид

Изненадување и неочекувана радост следеше по објавувањето на победникот на 16-тата сезона на „Ѕвездe Гранда“. Струмичанката Славица Ангелова не можела да сонува дека публиката ќе ја избере за победничка во 2023 година. Но тоа се случи и Македонија синоќа славеше!

– Искрено немам одговор на прашањето како се чувствувам. Пресреќна сум и не очекував дека ќе победам – ​​едвај зборуваше поради напливот на емоции Славица за „Гранд“.

За време на натпреварот нејзиниот ментор Ѓорѓе Давид изјави дека имала „емотивни проблеми“, но по победата се било заборавено и надминато.

Но, што се случило за време на натпреварот и каква поддршка доби Славица од Ѓорѓе, одлично се гледа во нејзината изјава.

– Кога ќе погрешам, ми доаѓа да заплачам, а потоа сфаќам дека менторот бил во право. Тој е тука за да ме поправи како ментор и како психолог – објаснила таа.

– Дури и да не влезеше во првите 8, и ако не влезеше ни меѓу четворицата во суперфиналето и ако не победеше, Славица и јас имавме договор таа да почне да работи со нас низ целиот регион. Тоа го правам и со Јосифовски, слаб сум на Македонци, што не значи дека срцето нема да ми пукне поради Џенан, добив постаро дете – објаснува Давид, кој се осврна и на забраните на одредени автори и пејачи да ги изведуваат нивните песни на натпреварувањето.

– Тоа е посебна приказна каде некои колеги страшно ме разочараа. Нека им биде тоа ним на душа… – искрен е Ѓорѓе.

Слични објави

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо
Се вчитува....