10.8 C
Скопје
04:13 - 4 мај, 2024

Сите лаги на Хари и Меган раскажани во документарецот: Од првиот состанок до поклонувањето пред кралицата и споредбата со Дајана

Принцот Хари и Меган Маркл ветија дека во документарецот на Нетфликс, Хари и Меган, ќе ја „кажат целата вистина“. Досега се емитувани само три епизоди, но неколку од изјавите на парот веќе се доведени во прашање. Првите лаги беа откриени по објавувањето на првиот трејлер, кога кралскиот дописник Роберт Џобсон ги демаскира лажните фотографии што ги користеа Хари и Меган за да го осудат упадот на папараците во нивниот приватен живот. Фотографиите се направени во Јужна Африка во согласност на војводите од Сасекс, но искористени од нив, во трејлерот, за да го осудат прогонувањето на новинарите што никогаш не се случило. По објавените три епизоди од документарната серија, критиките и негирањата почнуваат да се намножуваат.

Нетлфикс

Првиот состанок на Хари и Меган 

Во документарецот, Хари и Меган изјавија дека се запознале на Инстаграм преку заеднички пријател кој споделил видео од поранешната актерка. „На крајот рековме: да се сретнеме. Резервиравме во клуб, Хари доцнеше, заглавил во сообраќајот. На почетокот имав лош впечаток за него, мислев дека има огромно его“, рекла Меган. Но не било така, во интервјуто дадено за Би-Би-Си по објавувањето на нивната свршувачка во 2017 година, војводите од Сасекс раскажаа сосема поинаква приказна, објаснувајќи дека тие се запознале за време на редба „на слепо“ организирана од заеднички пријател, една ноќ во Лондон во средината на летото 2016 година. Британскиот печат се прашува: која е вистината?

Кралски животни лекции

Во документарецот Меган тврди дека никој не ѝ помогнал да се прилагоди на кралскиот живот. Ниту совети, ниту упатства не добила од службата за протокол и сама се снаоѓала за се што е поврзано со јавните обврски. Според кралските извори интервјуирани од Сандеј тајмс, тоа е „тотална лага“: персоналот направил се за Меган да се чувствува пријатно и ѝ обезбедил детално „досие“ за сите аспекти на кралскиот живот, поканувајќи ја да се сретне со разни експерти кои би можеле да одговорат на сите нејзини прашања. Меган, сепак,се согласила да се види само со двајца од нив.

Покани за кралската свадба

Маркл тврди дека била принудена од палатата да не ја покани внуката што ја сака, Ешли Хејл, на кралската венчавка со Хари во мај 2018 година. Хејл е ќерка на полусестрата на Меган, Саманта. Таа беше посвоена и одгледана од нејзините баба и дедо, но повторно ги воспостави односите со нејзината биолошка мајка во 2017 година. Меган немаше намера да ја покани својата полусестра Саманта на својата свадба, која постојано ја навредуваше во печатот, нарекувајќи ја, меѓу другото  „неблагодарна и безмилосна“. Но, дали навистина сакала да ја покани својата внука Ешли? Верзијата на меган е дека официјалните лица од Кенсингтонската палата ја советувале да не ја покани: зашто како да објасни дека нејзината внука е на свадбата кога не е присутна нејзината полусестра? Верзијата на војвотката е веднаш демантирана од официјалните лица на Палатата, кои тврдат дека навистина воопшто не биле вклучени во изборот на Меган. Всушност, извор појасни за Телеграф: „Вработените во Кенсингтон никогаш не им кажаа на војводите од Сасекси кого можат или не можат да поканат на нивната свадба“.

Меган со внуката Ешли

Споредбата меѓу Меган и Лејди Дијана

Во новиот документарен филм, Хари ја споредува својата сопруга Меган Маркл со неговата мајка Лејди Дијана. Но кралските експерти се згрозени од оваа споредба. Кралскиот експерт Антонио Капраник објаснува: „На некој начин, обидот да се спомне Меган како нова Дијана е смешен. Тоа е патетично. Дијана беше навистина наивна девојка, имаше 18, 19 години и немаше поим што ќе и се случи во животот. Г-ѓа Меган Маркл влезе во кралското семејство на 37 години, како искусна холивудска актерка и имаше многу животно искуство, можеби премногу“. Капраник, исто така, коментираше за фарсата на Меган кон кралицата Елизабета: „Дали е можно таа воопшто да го игнорирала фактот дека е неопходно да се поклони пред кралицата? Дали никој не ѝ објаснил дека англиската кралица не е само баба на Хари, туку и шефица на британската држава? Ако никој не ѝ објаснил или ако таа не го разбрала тоа, тогаш тоа е сериозен проблем и тоа е нејзин проблем“. Кралскиот експерт потоа истакнува дека „оваа работа“ што Хари и Меган ја „претставуваат како „нивна вистина“, е нешто што носи стотици милиони долари во нивните џебови. Значи, тоа е можеби нивната вистина, но очигледно е платена вистина од телевизиска платформа на која и требаат експлозивни материјали за да направи рејтинг. Тоа е вистина што им одговара на оние кои ја нарачале документарната серија и на двајцата протагонисти во серијата. Во реалноста, нема ниту еден збор вистина во работите што ги кажуваат овие двајца луѓе“.

Слични објави

„Фала Богу што сум жива“: Познатата фолкерка доживеа тешка сообраќајка, објавени сликите од автомобилот

Еспресо

„Немојте да раѓате деца и…“: Сопругата на Огњен Амиџиќ упати порака и покажа како изгледа

Еспресо

Велигден кај Бреговиќ: За сите по нешто

еспресо

Велики петок: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Промени на добро: Три хороскопски знаци се среќлии на месец мај

еспресо

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

еспресо
Се вчитува....