Душко Тошиќ преку својот адвокат се обрати во јавноста и појасни дека редовно ги подмирува сите обврски кон своите деца и дека не должи ништо. Во средата, во попладневните часови, Душко Тошиќ влегол во станот на Дедиње во кој по разводот живееше Јелена Карлеуша со нивните ќерки. Тој ги сменил бравите на вратата, а скандалот ескалирал откако пејачката јавно изјави дека поранешниот фудбалер не плаќа алиментација.
Тошиќ веднаш реагирал преку адвокат, тврдејќи дека сите обврски ги извршува редовно и дека нема никаков долг. Сега, „Курир“ за првпат ексклузивно ги открива деталите од спогодбениот развод меѓу Карлеуша и Тошиќ, за кој досега само се шпекулираше во медиумите.
1.000 евра по дете
Според договорот, Душко Тошиќ е должен секој месец на сметката на Јелена Карлеуша да уплаќа 2.000 евра, односно 1.000 евра по дете, во денарска противвредност. Посебно внимание привлече и ставката според која Тошиќ еднаш годишно треба да уплати уште 10.000 евра за летување на децата.
Карлеуша: Не го почитува договорот
Засега не е познато кои точно обврски не биле исполнети, поради што Јелена јавно се пожали дека нејзиниот поранешен сопруг не го почитува договорот.
„Да ја кажам вистината? Не плаќа алиментација, еве јавно апелирам“ изјави Карлеуша, па додаде:
„Се обидувам да го решам проблемот надвор од медиумите, преку адвокати и на човечки начин, но не успевам. Во име на сите жени кои се борат за правото да добијат финансиска поддршка од партнерот и таткото на нивните деца, чувствувам обврска да зборувам јавно“ објасни пејачката.
Се огласи и адвокатот на Душко Тошиќ
По овој повод се огласи и Никола Премовиќ, адвокат на Душко Тошиќ.
„Како адвокат на Душко Тошиќ, а по негов налог, во врска со медиумските написи за наводниот ‘упад’ во станот, како и за неплаќањето алиментација, истакнувам дека долгот на Душко по основ на алиментација изнесува нула динари. Тој не должи ниту една алиментација“.
Во соопштението се наведува и дека Душко не влегол насилно, не го обил станот, ниту се забарикадирал, туку влегол во својот стан кој му припаѓа по важечки купопродажен договор.
„Не станува збор за никаков насилен упад, туку за влез во недвижност во која има целосно правно право да престојува. За време на разводот, постоел договор Јелена со ќерките да се пресели во вилата во улицата Аугуст Цесарац, а Душко да остане во станот на Дедиње, што е наведено и во спогодбата за развод. Бидејќи до тоа преселување никогаш не дошло, Душко одлучил да влезе во својот стан“ стои во соопштението.
