Синот на пејачот Харис Џиновиќ, Кан Џиновиќ, одлучил да гради сопствена кариера надвор од сенката на својот татко, започнувајќи бизнис во музичката индустрија.
Според извори блиски до семејството, Кан отворил компанија за организација и продукција на концерти, регистрирана во белградската населба Сењак, со што направил сериозен чекор кон самостојност.
„Не сакаше да биде само ‘син на познат пејач’, туку да изгради сопствено име. На бизнисот му пристапи максимално сериозно, веќе има бројни проекти и одлично е прифатен во индустријата“, вели изворот.
Таткото Харис, како што се наведува, е исклучително горд на својот син и неговата посветеност, а нивниот однос дополнително се зацврстил преку заедничка работа.
„Функционираат како вистински тим. Харис му дава поддршка, но Кан сè повеќе самостојно го води бизнисот и покажува сериозен потенцијал“, додава изворот.
Двајцата живеат заедно, што им овозможува постојано да разменуваат идеи и да ја усогласат приватната и професионалната комуникација.
Во едно од претходните интервјуа, Харис открил дека неговиот син често бара совети од него:
„Ме прашува за совет и слуша. Има свој правец кој јас го поддржувам. Навистина немам зборови за него“, изјавил пејачот.
