9.8 C
Скопје
14:43 - 31 март, 2026

Синот на Халид Бешлиќ го расплака регионот: Објави емотивна порака на роденденот на својот татко

Халид Бешлиќ е роден на денешен ден во 1953 година. По тој повод, неговиот син Дино му посвети емотивна објава на Инстаграм. „Тато, денес ќе наполнеше 72 години. Знам дека никогаш не сакаше да го славиш, но ние денес ти организиравме нешто мало. Немој да се лутиш на нас, те сакаме многу“, напиша Дино.

Семејството и пријателите се собраа на гробот

Семејството на Халид и неговите најблиски пријатели се собраа на гробот за да му оддадат почит и да се присетат на заедничките моменти. Во тишина беше прочитана Фатиха (првото поглавје од Куранот, молитва за упатување на „правиот пат“). Првпат по смртта на пејачот, во јавност се појави неговата сопруга Сејда, со која беше во брак 48 години.

На гробот пристигнаа и нивниот син Дино со внукот, како и Халидовите колеги и пријатели: Емир Хаџихафизбеговиќ, Енес Беговиќ, Назиф Глива, Самир Кадириќ и други.

„Мој Халид е најдобриот татко на светот“

Единствениот син на славниот пејач, Дино Бешлиќ, отсекогаш со гордост зборувал за своите родители и семејниот живот. Познат по својата искреност и едноставност, тој често нагласувал колку Халид и неговата сопруга Сејда биле грижливи и поддржувачки.

„Па јас сум популарен повеќе од мојот татко! Каде и да се појавам, луѓето ме поздравуваат, сакаат да зборуваат со мене, секогаш се смееме. А не пеам и не сум дел од естрадата. Делувам од сенка. Ма, мојот Халид е најдобриот татко на светот, исто како и мојата мајка Сејда“, рече Дино во интервју за Express.

 

Слични објави

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin
Се вчитува....