5.8 C
Скопје
00:50 - 1 април, 2026

Синот на Бритни Спирс призна дека е подготвен да ги подобри односите со својата мајка: „Нема омраза, сакам само таа психички да се подобри“

Џејден Федерлајн, 15-годишниот син на Бритни Спирс, изјави дека сака да ја обнови врската со неговата мајка, врска која моментно е уништена.

Најмладиот син на пејачката во интервјуто за британскиот канал ITV, меѓу другото, зборува и за врската со неговата мајка.

Според Џејден, „нема омраза“ меѓу пејачката и нејзините синови, но тој признал дека „ќе биде потребно многу време и напор“ за да се вратат нормалните односи.

„100 отсто сум сигурен дека се може да се поправат односите. Потребно е само многу време и напор. Сакам само таа психички да се подобри. Кога ќе се подобри, навистина сакам да ја видам повторно“, рече тој.

Џејден Федерлајн рече дека многу ја сака својата мајка и се надева дека еден ден ќе можат „да седнат и повторно да разговараат“. Сепак, на венчавката на Спирс и нејзиниот сегашен сопругСем Асгари, не беше присутен зашто таквиот момент за средба го сметал за несоодветен.

„Тогаш едноставно не беше вистинското време за тоа. Не велам дека не сум среќен за неа. Навистина сум среќен за нив, но таа не го покани целото семејство, а ако бевме само јас и Престон, едноставно не можам да замислам како сето тоа би можело да изгледа добро“, рече синот на Спирс.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....