13:35 - 1 ноември, 2026

Силви Плевнеш за тешките моменти: Имавме финансиски проблеми додека ќерката беше во Холандија

Пејачката Силвана Мучиќ-Плевнеш отворено проговори за тешките моменти низ кои поминала со сопругот и музички партнер Влатко Плевнеш. Таа откри дека, иако низ годините се соочувале со различни предизвици, ведрината, семејната блискост и љубовта кон музиката секогаш им помагале да ги надминат проблемите. Особено тежок бил периодот кога нивната ќерка студирала во Холандија, а тие се соочиле со финансиски тешкотии.
„Секој живот е содржан од подеми и падови. Нормално дека ги имавме во животот и Влатко и јас. Можеби не во кариерата и можеби не се такви падови, бидејќи сме доста силни личности и Влатко и јас. Таа ведрина и љубовта кон музиката, и самата музика некако нè држи на површина. И најтешките моменти во животот ги пребродивме на тој начин“, раскажа Силви во емисијата „Ајкон шоу“.
Иако призна дека имало тешки моменти, Силви вели дека не дозволила тие да ја совладаат. Напротив, дури и периодот на пандемијата на коронавирусот, кој за многумина беше исполнет со страв и неизвесност, таа го памети како еден од најубавите периоди во семејниот живот.
„Депресија? Па, можеби во периодот на короната, кога, повторно ќе кажам, мене ми беше најубав период. Најубав, во смисла на такво едно заедништво. Мене тогаш моето мало семејство, нашата ќерка, Влатко и јас, бевме толку многу заедно“, рече пејачката.
Таа објасни дека времето поминато дома им овозможило повеќе да се посветат едни на други, но и на интересите што ги исполнуваат.
„Можевме да се посветиме на нашите хобија, на хобито на нашата ќерка, на нејзината љубов кон природата и кон екологијата. Така што дури и тоа не беше депресија“, раскажа Силви.
Сепак, призна дека имало период кога таа и Влатко биле под голем финансиски притисок, особено поради студирањето на нивната ќерка во странство.
„Има тешки моменти. На пример, кога ќерката ни беше на студии во Холандија, Влатко и јас имавме и финансиски тежок период, бидејќи тоа беше навистина скапо.“, се присети пејачката.
И покрај финансиските грижи и другите животни предизвици, Силви и Влатко успеале заеднички да ги надминат тешкотиите.
„Но, го пребродивме тоа. Ете така, музиката, заедништвото, ведрината“, заклучи пејачката. „Силви бенд“ се подготвува за концертот во Скопје на 13 октомври, во Националната опера и балет.

Слични објави

Почина Мишо Хрњак, басистот на легендарната „Азра“ — неговата музика одбележа генерации

К.С.

Денеска е Светскиот ден на веганството — што се случува со организмот кога ќе престанеме да јадеме животински производи?

К.С.

(Фото) Билјана Дебарлиева прослави 32 години брак со сопругот Јован — нивната љубовна приказна започна во Охрид

К.С.

Почина Мишо Ковач — никогаш не ја преболе смртта на синот Еди, кој имаше само 16 години

К.С.

Детокс смути со тиква и јаболко — здрав напиток што се подготвува за пет минути

К.С.

Дневен хороскоп за 1 ноември: Раковите ќе се соочат со емоции од минатото, а Девиците ќе добијат неочекувана покана

К.С.
Се вчитува....