8.8 C
Скопје
21:03 - 16 октомври, 2026

Силви Плевнеш со силни емоции зборуваше за ќерката Деа Делина и за внуката Малика: „Тие ми се најголемата среќа“

Силвана Мучиќ – Плевнеш, која долги години е во среќен брак со Влатко Плевнеш и заедно го сочинуваат поуларниот „Силви бенд“ зборуваше за најубавите моменти кои ја дефинирале како мајка на нејзината ќерка Деа Делина, но и како баба.

„Господ тоа го осмислил и… не сме ни свесни какви сè благослови тој ни дава. Еден од најубавите и волшебни моменти во мојот живот беше кога ја родив ќерката, во Германија, на турнеја. Му благодарам на Господа што не ме остави без ќерка.
Но, вториот исто така грандиозен момент којшто буквално го почувствував исто, само што не родив јас, е кога ми се роди внуката, малата Малика. И не можам да ви опишам каква среќа е тоа, каква радост и каква љубов“, рече Силви на гостувањето во емисијата „Фактор среќа“.

Таа пред камерите сподели длабока и емотивна приказна за нејзиното семејство, и како раѓањето на внуката Малика ја разбудило најубавата љубов во неа.

„Велат старите – ќе видиш колку се сака внуче, повеќе од сопственото дете. Повеќе… не повеќе, но оваа љубов е, знаете вие, веќе имате искуство позади себе. Веќе сте биле родител, сте ги научиле грешките, сте ги осознале во меѓувреме сите можни грешки и убави работи што сте ги направиле со своето дете.

Имате втора шанса некако. Но, радоста и тоа врзување со внучето, среќата на вашето дете во очите и и… таа генетика, сето тоа. Значи во неа јас се гледам и себеси, ја гледам и мојата мајка, ги гледам нашите гени… Не можам да ви опишам. Тоа е најголемата среќа од сите.“, рече Силви.

 

Слични објави

Мајката на Милица Тодоровиќ ја разнежни јавноста со порака до ќерките: „Ќе ве чувам во молитвите секој ден до крајот на животот“

Еспресо

Јелена Карлеуша жестоко го нападна Јаков Јозиновиќ: Изнесе тешки обвинувања за неговата кариера и настапите во Србија

Еспресо

Избегаа на егзотична дестинација – Бресквица го објави првото видео со своето ново момче

Еспресо

(Фото) Ела Дворник ја покажа другата страна од својот живот – откри каде поминува до десет часа на ден

Еспресо

„Каков новинар си ти, мораш уште да учиш“: Харис Џиновиќ се налути на познатиот водител поради прашање за брковите

Е.А.

Сезоната на Скорпијата носи среќа за три хороскопски знаци — некои ги очекуваат пари, а други остварување на голема желба

К.С.
Се вчитува....