5.8 C
Скопје
02:19 - 1 април, 2026

Сигурни на сонце: Заштитен фактор за сончање според типот на кожата

Во текот на првите три-четири дена на изложување на сонце треба да се употребува повисок заштитен фактор според типот на кожата, а потоа заштитниот фактор може да се намали. Но ова правило не важи за секој.

Сигурни на сонце: Заштитен фактор за сончање според типот на кожата

Во текот на првите три-четири дена на изложување на сонце треба да се употребува повисок заштитен фактор според типот на кожата, а потоа заштитниот фактор може да се намали. Но ова правило не важи за секој.

Во текот на летните денови УВ индексот може да биде минимален, низок, среден, висок или многу висок. При минималниот и нискиот УВ индекс нека опасност од УВ зрачења и возможно е изложувања на сонце и повеќе од еден час, но веќе при средниот заборавете на тоа, особено ако припаѓате на чувствитената популација која може да добие изгореници и за помалку од 20 минути.

Во текот на летото УВ индексот е висок или многу висок, што би значело висока опасност од УВ зрачење, а со тоа и задолжително намалување на изложување на сонце меѓу 10 и 16 часот и употреба на крема со висок заштитен фактор.

Сепак, после неколку дена поминати на плажа особено доколку имате потемен тен може да си дозволите и помал заштитен фактор во зависност од типот на кожата.

Тип 1– Посебно бела кожа, дамки, светла или црвена коса и светол тен. Никогаш не поцрнуваат и најподложни се на изгореници. Во текот на целото лето се препорачува највисок заштитен фактор, односно 50.

Тип 2 – Нешто потемна кожа од тип 1, светла руса коса, тешко поцрнуваат на сонце и многу се подложни на изгореници. Се препорачува висок заштитен фактор, 50, а после неколку дена поминати на сонце може да употребат и заштитен фактор 30.

Тип 3  –  Кожа со светло кафена боја, без пеги, лесно поцрнуваат и релативно ретко се појавуваат изгореници од сонце. Се препорачува заштитен фактор 30 во првите неколку денови на изложување на сонце, а потоа можат да го заменат со факторот 15.

Тип 4 – Кожа светло кафена, без пеги, коса црна, одлично и брзо поцрнуваат и речиси никогаш не се појавуваат изгореници. Во првите денови можат да употребат заштитен фактор 8, а потоа да поминат на заштитен фактор 6 или 4.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....