7.8 C
Скопје
11:09 - 18 декември, 2024

ШТО ЗНАЧИ ДА ГО СОНУВАТЕ БИВШИОТ ПАРТНЕР/КА? Психолозите даваат детални објаснувања што ви треба и што ве мачи

По прекинувањето на врската која ни значела, без разлика кога се случила – дали разделбата е „свежа“ или од поодамна, чести се соништата во кои го сонуваме поранешниот партнер/ка. Но, што значи да се сонува поранешниот? Дека сè уште сме за вљубени во него/неа, дури и ако имаме нова љубов?

Ајде да ги дознаеме сите значења на овој сон.

Сонувањето на поранешниот партнер/ка е прилично честа појава и може да има различни значења: вашата потсвест се обидува да ви помогне, за да можете вистински да разберете што чувствувате, без разлика дали тоа е нерешена љубов кон вашето поранешно момче/девојка или потреба да решите нешто од минатото што е оставено нерешено, за да можете да продолжите понатаму со вашиот живот.

Што ни кажува овој сон?

Сонувањето на бившиот партнер може да има различни толкувања, дури и врз основа на тоа кога сте раскинале. Всушност, ако не така одамна сте раскинале, сонувањето не треба да ви е чудно: можеби сè уште чувствувате нешто за него/неа, можеби не е тоа љубов каква што била на почетокот, но секако е многу силно чувство што го отежнува „метаболизирањето“ на разделбата. Вашата потсвест се обидува да ви помогне во сонот: ги обработува вашите чувства во текот на ноќта и ви овозможува да ги асимилирате, па така, малку по малку, да продолжите со вашиот живот и со нова љубов.

Ако вашиот поранешен партнер ве оставил и сè уште чувствувате љубов кон него, сонувањето ќе биде само израз на вашата желба да го видите, да го имате сè уште до вас.  Ако не сте се разделиле на најдобар начин пак, соништата од овој вид би можеле да бидат израз на вашиот гнев: можеби не сте му кажале сè што сте посакале и вашето несвесно ви помага да ги исфрлите негативните чувства што сè уште ве држат закотвени за минатото.

Накратко, ако раскинувањето е навистина свежо, овие соништа ви кажуваат дека сепак ќе биде потребно време за да можете да го заборавите целосно и да ја метаболизирате жалоста.

Ако го сонувате вашиот поранешен партер/ка како страда, како плаче или очајува, таквиот сон обично го означува вашето чувство на вина кон него/неа: можеби вие сте биле причината за разделбата?

Ако вашиот поранешен партнер ве повредува или ве прогонува во вашите соништа, тоа покажува дека врската не била позитивна, туку крајно негативна, и дека во таа врска сте претрпувале психолошко насилство кое сега оставило трага во вас.

Се случува многу често да го сонувате вашиот поранешен партнер/ка кога веќе имате нов партнер/ка? Тоа не треба да ве исплаши! Овие соништа се случуваат често кога се појавуваат проблеми или недоразбирања во врската што ја доживувате сега: сонот може да биде еден вид предупредување да не ги повторувате грешките од минатото. Затоа не значи дека сте нужно се уште вљубени во стариот партнер/ка, туку едноставно сонот укажува на фрустрација во сегашната врска која треба да ја надминете во јаве.

Ако поминувате низ криза во сегашната врска, а го сонувате бившиот партнер/ка тоа укаже на едноставна носталгија, понекогаш и на жалење. Можеби ви недостасува тој период од минатото во кој сте биле среќни, или место каде што сте се чувствувале добро, фаза од вашиот живот за која сега копнеете.

Ако сонувате како се карате со поранешниот партнер, тоа укажува на некоја ваша карактеристика што сте ја негирале, што сте ја ставале настрана. И сега повторно се појавува во новата врска. Размислете добро што е тоа и обидете се да го надминете, наместо повторно да го ставате под тепих.

Ако сонувате како се разделувате со бившиот партнер/ка, токму овој сон може да ве натера да не се враќате наназад, од што всушност и се плашите – да не се вратите назад, туку да пронајдете нова патека, нова љубов. Сонот ви помага да ја затворите страницата и конечно да се збогувате со минатото.

Што значи ако сонот се повторува?

Ако се случува да го сонувате својот поранешен партнер/ка многу често или дури и секоја вечер, тоа е повторлив сон и, во овој случај, значењата можат да бидат различни. Ако неодамна сте ја затвориле вашата врска (без разлика дали сте ја напуштиле први вие врската или не) „траумата“ во вас е сè уште многу силна, доволно за да ве опседне и да испливува секоја вечер во соништата. Не грижете се: овие повторливи соништа се само начин на кој вашата потсвест се обидува да ви помогне да го надминете раскинувањето и да станете целосно свесни за тоа. Соништата наскоро ќе се исцрпат и сигурно ќе бидете подобро!

Прашањето станува посложено ако вашата врска завршила, оставајќи многу прашања нерешени: во овој случај ќе ви биде потешко да го метаболизирате крајот на приказната и во соништата ќе продолжите да се мачите самите себе барајќи ги оние објаснувања кои во реалноста ви недостасувале. Сепак, и во оваа смисла, сонот може да ви помогне да станете свесни за крајот на врската.

Ако вашиот поранешен бил насилник, или ве малтретирал физички или психички, а ви се случува да го сонувате многу често, тоа значи дека травматското искуство што сте го преживеале е сè уште многу живо во вас и продолжува да ве повредува. Можеби ќе ви треба помош од професионалец за да ја надминете оваа траума од минатото, за да можете да ја вратите довербата во љубовта и да си го вратите спокојството во вашиот сегашен и иден живот.

Што значи да се сонува поранешниот партнер/ка како ви се враќа?

Сонувањето на поранешното момче/девојка кое се враќа кај вас е навистина многу вообичаено и не е ништо друго освен потсвесно изразување колку многу оваа личност денес ви недостига, особено ако сте биле заедно долго време.

Овој сон не мора да значи дека сакате вашето момче/девојка навистина да ви се врати и повторно да бидете заедно, но сепак изразува присуство на чувство што сè уште е силно кон него/неа: може да значи дека чувствувате извесна празнина во вашиот живот, но и дека денес се чувствувате осамени.

Ако ваквиот сон ви се случи кога веќе имате нов партнер, тоа би можело да значи исто како и претходното, или поверојатно дека има нешто во сегашната врска што ви недостасува во споредба со претходната. Секако, чувствувате носталгија за минатото што можеби е и идеализирана. Ова е причината зошто овие соништа се почести кога новата љубовна врска доживува момент на криза.

Што значи да сонувате дека сте бремени од вашиот екс?

Жените може да сонуваат и дека се бремените од својот поранешен партнер. Што значи овој прилично незгоден сон? Дефинитивно изразува силни чувства, кои можат да бидат позитивни или негативни.

Ако во сонот сте задоволни со оваа бременост,  тоа значи дека таа врска многу ве облагородила, ве израснала како личност, била многу позитивна врска, па и покрај раскинувањето, сеќавањето за партнерот продолжува да буди во вас чувство на благодарност: се чини дека потсвесниот ум признава дека тоа што сте денес е исто така благодарение на него!

Ако, од друга страна, ваквиот сон ви предизвика чувство на вознемиреност, страв, лутина и разочарување, тогаш може да значи дека таа врска оставила негативни траги кај вас, дека сте преживела некоја можна траума, и сега имате бројни стравови и кочници што ве спречуваат да бидете среќни во сегашноста и кои продолжуваат да ве мачат „одвнатре“.

Што значи ако сонувате дека вашиот екс партнер/ка е сегашен партнер/ка?

Ваквиот сон се случва и многу е „жив“ изгледа како реалност. Но и тоа се објаснува – станува збор за „спојување“ на личноста на вашиот поранешен партнер/ка со личноста на сегашниот партнер/ка.

Овој сон е чест особено кога започнувате нова приказна и некако вашата потсвест сè уште не ја регистрирала „промената на стража“ и продолжува да ги асимилира двете фигури врз основа на нивната улога. Затоа, одете напред со новата љубовна приказна, без да се грижите премногу!

 

Слични објави

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо

Скандал во шоуто на Амиџиќ: Дарко Лазиќ почна да ја фали бившата, Катарина побледе од срам!

Еспресо

(Фото) Емина Јаховиќ ги покажа стомачните: Згодната пејачка е во најдобрата форма досега!

Еспресо

Хороскоп за 18 декември: Раковите ќе уживаат со семејството, Водолиите ги очекува успех

apostolova

(Фото) Адријана Лима се омажи: Mанекенката ја објави радосната вест и ги покажа бурмите

Еспресо

(Фото) Јубилеен 60. роденден: Маријана и Росана прославија на различни континенти!

Еспресо
Се вчитува....