-2.2 C
Скопје
23:13 - 17 декември, 2025

Што се знае за смртта на убавата Талита? Бразилска моделка која претходно се борела против ИСИС, загина во војната во Украина

Странските мдеиуми објавија дека бразилската моделка и снајперистка загинала во руски ракетен напад врз Украина. Ова се случи само три недели откако таа се вклучи во борбата за одбрана на Украина од Русија.

Талита до Вале имаше 39 години, учествуваше во хуманитарни мисии низ светот и претходно се бореше против ИСИС во Ирак. Руска ракета го погодила нејзиното скривалиште во Харков.

Според зборови од други борци, таа била единствениот војник што останала по првиот ракетен напад.

Талита го документирала своето искуство од војните на Јутјуб каде што нејзините видеа за борбата против ИСИС собрале 32.000 прегледи.

Во младоста работела како модел и актерка, а спасувала и животни. Потоа, студирала право. Се приклучила на обука за снајперисти и покажувајќи одличен талент им се приклучила на независните вооружени сили на Курдистан во Ирак.

Била и одлична писателка, поточно убаво знаела да го опише искуството од војната во Украина во книга. Братот на Талита, Тео Родриго Виера, ја опиша сестра си како херој кој спасува животи.

Според неговите зборови, таа во Украина била само три недели, а работела и како спасувач.

Откако ги преживеала бомбашките напади во главниот град на Украина, Киев, Талита му објаснила на своето семејство дека не може многу да зборува зашто руските дронови го контролирале, меѓу другите, и нејзиниот мобилен телефон. Таа им се јавила на роднините само за да им каже дека се е во ред со неа.

Многу странци се борат за Украина. За жал, и тие умираат или се заробени од непријателот.

Слични објави

„Мојта прва сопруга е преубава, а никој не пишува за неа“: Ова е поранешната сопруга на Данило Икодиновиќ 

E.A.

„Срцето ми беше полно што е тука“: Саша Ковачевиќ ја поканил поранешната девојка на концерт иако не ја видел одамна

E.A.

(Фото) Ова е единствената фотографија од првата жена на Раде Шербеџија: Во песна признал дека е виновен за крахот на бракот со Иванка

E.A.

Нада Топчагиќ искрено проговори за изгледот на колешката Вера Матовиќ: „Направила убави операции, но не може да ги скрие годините“

apostolova

Сексуално ги вознемирувал колешките под дејство на дрога: Хрватски режисер трајно исфрлен од Друштвото на хрватски филмски режисери

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ ја покажа својата ќерка: По концертот на Саша Ковачевиќ, директно кај својата миленичка

Еспресо
Се вчитува....