6.8 C
Скопје
11:54 - 22 јануари, 2025

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО КОНЧИТА: Со својот изглед рушеше табуа и предрасуди, сега тотално различна

Со својот впечатлив глас и необичен изглед Кончита Вурст го освои срцето на гледачите и жирито на Евровизија 2014 година. Ја задржа популарноста со отвореноста кон своите обожавателите и драстични физички промени, пренесува „24сата“.

Австријката вчера го прослави својот 33 роденден, а вели дека музиката и понатаму е најважна работа во нејзиниот живот.

кончита
Кончита на финалната вечер на „Евровизија“ во 2014 година / Фото: EPA/FLINDT MOGENS

Родена како Томас Том Нојвирт, уште од своето најрано детство покажувала вештини за пеење, но и облекување во женска облека.

Под тоа име се појавила во неколку шоуа за таленти, а со дипломата од Факултетот за моден дизајн, во 2006 годиназа првпат во јавноста се појави како Кончита.

Била дискриминирана поради нејзиниот изглед, но решила да се бори против злобните коментари. Во јавноста стана препознатлива како „жената со брада“, а вели дека одлуката „да биде своја“ се исплатило.

кончита
Кончита на ревијата на францускиот дизајнер Жан-Пол Готје – есен/зима 2014/15 / Фото: ЕPA/IAN LANGSDON

По победата на Евровизија, пејачката се испроба и како модел носејќи ревии на Жан-Пол Готје и Карл Лагерфелд.

На почетокот на пандемијата уште еднаш ги изненади сите со својот изглед. Кончита почна да се облекува помажествено, ја скрати долгата коса и се појавува со многу помалку шминка на лицето.

Пејачката во 2018 година објави дека е заразена со ХИВ и рече дека била принудена да излезе во јавноста со тие информации бидејќи нејзиното поранешно момче ја уценувало.

„Се надевам дека ќе ги охрабрам другите и дека ова ќе биде уште еден чекор против стигматизирање на луѓето кои се заразиле со ХИВ поради сопственото однесување или однесувањето на другите“, напиша Кончита.

Слични објави

(Фото) Ана Николиќ сака да се омажи со Рале во црква до гробот на патријархот Павле: Тајно го посетила манастирот!

Еспресо

„Возев мотор на задното тркало“: Дејан Матиќ откри детали за детството, татко му не верувал дека е слеп

Еспресо

(Фото) Северина ужива на Малдиви и ја чита книгата на Ведрана Рудан: „Нејзиниот филм на јахтата ја оживеа Југославија!“

Еспресо

(Фото) Пожешка и од песокот во Дубаи: Теодора Џехверовиќ им го помати умот на мажите со секси фотографии

Еспресо

Трогателен момент во кариерата на Петар Грашо: Сними дует со двегодишната ќерка

Еспресо

(Фото) „Полека, но сигурно доаѓа…“: Српската пејачка Сара Јо заврши во болница!

Еспресо
Се вчитува....