14:19 - 19 февруари, 2026

Што се крие зад маските на Бен Афлек и Џенифер Лопез: Ова ќе биде еден од најдраматичните холивудски разводи

Бен Афлек не може да се насити и ризикува да изгуби се поради разводот на Џенифер Лопез

Минатиот месец, Џенифер Лопез конечно ja донесе тешката одлука и поднесе барање за развод од Бен Афлек. Додека славната моќна двојка живееше одвоени животи неколку месеци, решителниот потег на Лопез ја симна завесата на бурниот двегодишен брак кој никогаш не стана она што ниту една од страните се надеваше дека ќе биде.

Но, разводот може да биде емотивно набиен процес кој може да стане и грд. Разводот Афлек-Лопез би можел да биде еден од оние непријатните, „грдите“ разделби што доминираат во таблоидите во втората половина на 2024 година.

„Џенифер копнее за романтика и пофалба“, изјавил еден инсајдер за „Ин тач“. „(Бен) секогаш го бара следното, без разлика дали тоа е добро за него или не“.

Афлек и Лопез беа видени како се бакнуваат и се држат за рака за време на бранчот со децата на Афлек, што поттикна повеќе шпекулации дека силната физичка привлечност еден кон друг ќе остави „отворена врата“ за шокантно помирување. Сепак, јавните изјави од претставниците на парот јасно ставија до знаење дека тие сè уште имаат намера да се разведат, бидејќи нивните личности едноставно премногу се различни.

„Иако очигледно сè уште постои физичка привлечност меѓу нив, конфликтите сè уште тука“, изјави инсајдерот за In Touch. „Сето ова може само да предизвика уште повеќе незадоволство“.

Многумина се со исто мислење, дека колку и парот да се обидува да изгледа пред медиумите дека го задржиле пријателскиот однос,  конфликтите „вријат“ под нивните маски за светот и дека оа ќе биде еден од најпатетичните и најшокантни разводи на годината.

 

 

Слични објави

Цеца отворено за ромските веселби и бакшишот: „Би навредила некого ако одбијам!“

Еспресо

(Фото) Синчето на Едина Муса и Мачка наполни 1 година: Цела соба со играчки и балони, а и нов велосипед за малиот славеник!

Еспресо

Синот на Снежана Ѓуришиќ претепан поради долг од 500 евра: Откриени детали за четиричасовното малтретирање

Еспресо

„Простете ми за моето грдо минато“: Аца Лукас проговори за дуетите со Цеца и направените грешки

Еспресо

Ѝ се слошило среде снимање спот! Надица Адемов доживеа незгодна ситуација, откри како се чувствува

Еспресо

(Фото) Прорези горе и долу: Сека Алексиќ провоцира во тесен фустан, облините во преден план

Еспресо
Се вчитува....