17.8 C
Скопје
18:55 - 12 септември, 2026

Што прави и што јаде Том Круз за да остане во топ форма: Ова е неговиот режим на исхрана

Том Круз има 62 години, но несомнено е дека тој е еден од актерите кои најмногу работат за да останат здрави и во форма. Тој е силен и има голем отпор, бидејќи претпочита да нема каскадер и самиот да снима каква било сцена, без разлика колку е тоа опасно или енергично.

За ова, тој мора да биде подготвен, но и да одржува строг стил на исхрана. Иако ѕвездата не следи персонализирана диета, Том многу се грижи неговата исхрана да биде што е можно поздрава. Всушност, максималните калории што ги внесува дневно се 1200, а исто така избегнува и јаглени хидрати. Но, не само тоа, нездравата храна не е опција во никој случај и ги избегнува сите нездрави масти.

Блиски луѓе велат дека сака да јаде здрави сендвичи, дека омилени грицки му се јаткастите плодови и боровинките. Понатаму, во неговата главна исхрана царуваат рибата, пилешкото, белките од јајца и зеленчукот, а главен додаток е протеинскиот прав. Но, тоа не е се.

Изворите велат дека Том Круз не сака да оди во теретана секој ден, и не се ограничува само на една спортска активност за да остане во форма. Така освен теретана, практикува авантуристички спортски активности како што се планинарење, мечување, тенис, возење велосипед, трчање или кајак.

Спортски активности практикува речиси секој ден во неделата, а покрај овие спортови, актерот вежба и кардиоваскуларни вежби и крева тегови три пати неделно. Сепак, тој исто така одвојува време да го одмори своето тело зашто и одморот придонесува за топ форма.

Причината зошто актерот нема специфичен режим и рутина е затоа што секоја негова улога бара од него да се грижи за себе на различен начин. Секој лик бара нешто различно и тој е подготвен на се и сешто.

 

Слични објави

(Фото) Ѝ пееше Наташа Беквалац, а таа блескаше во сино — Елена Ѓорговска го прослави роденденот во Белград

Еспресо

Вук Моб по раскинувањето на свршувачката најде нова девојка: „Таа е прекрасна личност!“

Еспресо

Никој не може да им одолее! Ова се трите најстрасни хороскопски знаци!

Еспресо

(Фото) Прв одмор со малата Тина — Александра Јанева ја покажа ќерката

Еспресо

Теодора Џехверовиќ купи луксузен стан од 400.000 евра, па ѝ го изнајми на колешка: „Се договоревме за пет минути“

Е.А.

(Фото) Љупка Митрова разменува бакнежи со сопругот на Малдиви: „Си го сликам телото затоа што си го сакам“

Еспресо
Се вчитува....