10:44 - 10 јануари, 2026

Што да (не)правите на денот на преп. Данило Столпник и преп. Лука Нов Столпник: Не кажувајте ги на глас вашите соништа и планови

Православните на денешен ден се сеќаваат на преп. Данило Столпник и преп. Лука Нов Столпник, првиот – Бoг гo наградил уштe вo живoтот сo гoлeма благoдат и правeл мнoгу чуда, кoрисни за луѓeтo и ги прoрeкувал нарeднитe случувања, вториот – војник кој станал монах,  сe пoвлeкoл на eдeн стoлб кај Халкидoн на кoјштo сe пoдвизувал пoлни 45 гoдини, чистeјќи ја свoјата душа oд сeкoја грeшна жeлба и пoмисла. Православните денес се сеќаваат и на светиот свештеномаченик Никон, па оттука народните верувања за денешниот ден с поврзани токму со Никон кој пострада за Христа во времето на царот Декиј.

Нашите предци веруваа дека во ова време не треба да гледате низ прозорците, зашто шансите да се сретнете со зли духови се големи, а тоа значи да се најдете во неволја.

Старите верувања тврдат дека на овој ден не треба да се извади на улица некој драг предмет (да го носите со себе) зашто благосостојбата може да се изгуби заедно со овој предмет.

Не е препорачливо да ги бриште рацете со иста крпа со останатите членови од семејството, во спротивно, ќе има кавги и несогласувања во куќата.

Се верувало дека на овој ден не треба да се оди на лов или риболов, за да се избегне несреќа. А не смее ниту да се сече дрво, особено смрека. Нашите предци тврдеа дека секој што тоа ќе го направи, ќе има проблеми со зглобовите.

На овој ден, изразувањето на вашите планови и соништа не е најдобрата идеја. Во спротивно, можете да го добиете спротивниот ефект: посакуваното не само што нема да се оствари, туку и постоечката состојба ќе се влоши.

Слични објави

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.

(Видео) Крстот од жито што вдовицата на Маринко Роквиќ го направила за слава е најубавото нешто што ќе го видите

Еспресо

(Видео) Марија Микиќ го покажа лицето без грам шминка: Среде ноќ објави видеа од нејзината вила вредна 500.000 евра

Еспресо

Мирослав Илиќ за крајот на кариерата: Бродот го водам кон пристаништето, го спремив сидрото! Години наназад се подготвувам за тој момент

Еспресо
Се вчитува....