11.8 C
Скопје
15:21 - 30 март, 2026

Шпанија донесе пионерски закон за сексуално здравје – девојките може да абортираат и без дозвола од родителите

Парламентот на Шпанија денеска усвои пионерски закон за сексуално и репродуктивно здравје со кој на девојките на возраст од 16 и 17 години им се дозволува да абортираат без согласност од родителите.

За Законот  со кој се предвидува платено боледување за жените кои страдаат од болни менструации гласале  90 пратеници, 154 биле „против“, а петмина биле воздржани.

Министерката за родова еднаквост Ирен Монтеро изјави дека со новиот закон се обезбедува слобода на сопственото тело и дека се потврдуваат статусот на полноправни граѓани за половина од населението.

Законот не беше прифатен од конзервативните активисти и од Католичката црква.

Новата регулатива предвидува укинување на тридневниот период на „размислување“ за жените кои сакаат да абортираат и се укинува обврската на девојките на возраст од 16 и 17 години да добијат родителска согласност за постапката.

Законот вклучува и платено боледување за жени од 39-та недела од бременоста, бесплатна дистрибуција на менструални производи во јавни институции како што се училишта, затвори и болници, а сурогат мајчинството, кое е нелегално во Шпанија, се дефинира како форма на насилство врз жените.

Слични објави

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin

(Видео) Елена Велевска: Го спасив семејството од сиромаштија

msp-admin

(Фото) Растеше скромно, со една плата: Ова се родителите на Здравко Чолиќ

Еспресо

(Видео) Се вратив дома по 3 сабајле: Наум Петрески откри што му се случило на настап во Прилеп

Еспресо
Се вчитува....