8.8 C
Скопје
18:45 - 19 март, 2026

Шокантно признание! Пејачот откри детали од неговата љубовна врска со Јелена Розга: „Да, вистина е…“

Пејачот Џулијано Ѓаниќ е во брак повеќе од 23 години со балерината, инструкторка по танц и кореографка Кристина Ѓаниќ, со која го доби синот Марко, во 2004 година.

Сопругата на Џулијано му е голема поддршка, а самата таа имаше музичка кариера во составот „Неки то воле вруќе“, во која беше членка од 1995 до 2000 година, а глумеше и во музичкиот спот за нивната песна „Опасан план“.

Иако ретко зборува за својот приватен живот, сплиќанецот Џулијано им ги откри своите пикантерии на водителките Маријана Батиниќ и Петра Нижетиќ во „MaPet show“.

„Да, вистина е дека бев во врска со Розга, бевме деца, Јелена е супер девојка“, потврдил Џулијано, а пренесе „Тпортал“.

Да потсетиме, Јелена Розга не крие дека ја обновила врската со Иван Хуљиќ, син на Тончи Хуљиќ, по 10 години.

„Не сум лута на моите соседи што ја открија мојата врска со Иван. Можеби би рекла и дека се видов со некого. Не дека се криевме. Едноставно не сакам да зборувам за тоа јавно, сакам да го чувам за себе, сакам да живеам што е можно потивко. Не сакам постојано да се појавувам, никогаш не сум била таква и функционирам така 30 години, па не би сакала да го променам тоа“, рече таа.

Таа беше во врска со Иван пред 10 години, а за обновата на нивната љубов, вели дека така требало да биде.

„Таа љубов отсекогаш постоеше. Само што имаше некои други околности, па малку се разделивме, а сега повторно сме заедно и никогаш не сме биле посреќни“, истакна таа за српски „Блиц“.

Слични објави

„Маки“ по операцијата: Азис се пофали со новите силикони, па се пожали дека не може да закопча ниту една кошула

E.A.

Дали имаме нов холивудски пар? Се шушка дека Никол Кидман е во врска со ѕвездата од серијата „Менталист“

Еспресо

(Фото) „Мојата смисла на сѐ е во нејзината насмевка“: Каспер откри како ги поминува деновите со Мина Костиќ додека е во Америка

Еспресо

Што им носи пролетта на поле на љубовта на хороскопските знаци

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Менструален циклус – што е во рамките на нормалното?

Еспресо

(Фото) „Те носам со себе додека сум жив“: Најдобриот пријател на Драган Лазиќ стави тетоважа во негова чест

Еспресо
Се вчитува....