2.8 C
Скопје
05:14 - 3 март, 2026

Шокантен извештај на Пентагон за вонземски живот на Земјата: „Нивните сонди се слични како оние на НАСА“

Дали сме биле посетени од вонземски живот, односно од вонземјани, и не сме го ни знаеле тоа? Нацрт-документот неодамна објавен од Канцеларијата за резолуција на аномалии на сите домени (AARO) на Пентагон и претседателот на одделот за астрономија на Харвард, Ави Лоеб, сугерира дека вонземјаните можеби веќе стигнале на нашата планета.

Истражувачкиот извештај ја прикажува можноста дека вонземејаните стасале на Земјата со помош на сонди со вештачка интелигенција.

Извештајот објаснува дека вештачки создаден објект, како Оумуамуа, би можел да биде летало кое ослободува многу мали сонди за време при неговото блиско поминување до Земјата.

Овие мали сонди – попознати како НЛО – може да се користат за инфилтрирање во нашата цивилизација за истражувачки цели. Истражувачите го споредија ова со мисиите на НАСА каде што ја фрлаат технологијата со падобран на други планети за време на прелетување.

Нивните сонди се слични како оние што НАСА ги користеше на други планети, се вели во новиот извештај.

Според извештајот, овие сонди би можеле да бидат дизајнирани да ги издржат суровите услови на меѓуѕвездениот простор, па дури и да бидат натоварени со вештачка интелигенција. Тие би можеле да се програмираат да се самопоправаат или дури и да се репродуцираат со оглед на вистинските ресурси и знаење за технологија како 3D печатење.

Истражувачите сугерираат дека користејќи висока технологија, овие сонди би можеле да се прилагодат на новите околности без никакво водство од нивните оригинални креатори.

Сепак, извештајот забележува дека сите функционални уреди вградени во атмосферата на Земјата не носат биолошки ентитети затоа што не би го преживеале долгото патување низ меѓуѕвездениот простор и неговите сурови услови.

Слични објави

Мина Костиќ го обвини поранешниот партнер дека лаже: По раскинувањето, една работа ѝ е најважна

E.A.

„Благодарна сум и сакана“: Први фотографии од прославата на Сања Маринковиќ

E.A.

„За мене се ова е премногу емотивно“: Николина Коваќ излезе од породилиште со сопругот Сашо Капор 

E.A.

Српски пејач на 37 години стана татко по шести пат, па откри што ѝ подарил на сопругата

Еспресо

Пејачот со бремената сопруга се заробени на Малдивите поради воениот конфликт, а сега нашле начин како да се вратат во Србија

Еспресо

(Фото) Српска манекенка евакуирана од Дубаи: Во брак е со арапски милијардер, сега се огласи

Еспресо
Се вчитува....