16.8 C
Скопје
12:58 - 14 март, 2026

ШЕФ БРАНКО ПОПОСКИ НИ ПРИГОТВИ ВЕГАНСКА ТОРТА СО МАЛИНИ: Без шеќер!

25 рецепти за 25.000 илјади вкусни и здрави навики со Cooking with Branko.

Кој е за парче од највкусната веган торта без шеќер со малини и крем од мача и малина?
Зарем ќе кажеш не? Секако дека не! Одвој време, земи здив, уживај во сликите и запиши го или зачувај го рецептот за подготовка, советува шеф Бранко Попоски познат како Cooking with Branko.

Потребни состојки:

За долниот дел:
– 150гр. индиски ореви
– 100гр. ореви
– 100гр. бадеми
– 50мл. оризово млеко
– 2 лажици кокосово масло
– Рака сецкани ореви

За филот од мача:
– 150гр. веган маскарпоне
– 2 лажици органска мача
– 2 лажици мед или маџун

За филот од малини:
– 150гр. веган маскарпоне
– Една рака свежи или замрзнати малини
– 2 лажици мед или маџун

За глазура:
– 2 лажици какао
– Веганско чоколадо со стевиа на
– 1 мала лажичка кокосово масло

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Branko Cooking (@cookingwithbranko)

Начин на подготовка:

За долниот дел:

Во блендер додадете ги сите состојки освен сецканите ореви. Брендирајте додека не добиете кремаста смеса. Смесата поставете ја врз садот обложен со хартија за печење. Притиснете ја убаво и израмнете. Врз смесата додадете ги сецканите ореви. Оставете да се стегне во фрижидер додека се подготвуваат кремовите.

Подготовка на кремот од мача и малина:

Во длабок сад додадете ги посебно состојките за мача кремот и посебно за кремот со малина.
Со миксер матете околу 6 до 7 минути на средна брзина, додека не добиете хомогена и густа крем смеса. Оставете ја смесата од мача и малина да се стегне во фрижидер околу 10 минути. Потоа филувајте врз долниот дел. Прво кремот од мача, потоа кремот од малина. Па повторно вратете во фрижидер.

За глазурата:

Во сад додадете ги кокосовото масло, какаото и чоколадото. Растопете ги убаво. Потоа истурете ги врз филот од малина. Поради ладно_топло чоколадото ќе се стврдне веднаш. Врз чоколадото додадете малини и листови од нане.

Слични објави

(Фото) Јована Јеремиќ стана баба: Има само 35 години, а веќе ја доби оваа улога – „Ти благодарам, Боже, пристигна Миња“

Еспресо

(Фото) „Тој е богат и живее во Мајами“: Станија сподели информации за мистериозниот бизнисмен кој ѝ го украде срцето

Еспресо

Хороскоп за 14 март: Овните ќе се сомневаат во партнерот, Лавовите ќе се фокусираат на финансиите

Еспресо

Милица Тодоровиќ првпат по породувањето се појави во јавност: Сите погледи вперени во неа, таа порача само едно

Еспресо

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

(Фото) Жешки кадри од Малдиви: Луна Ѓогани позираше во бикини, нејзините облини во преден план

Еспресо
Се вчитува....