10.8 C
Скопје
18:29 - 11 март, 2026

Шарлот се прости од својата свекрва од култната серија „Сексот и градот“: Еве што порача по повод смртта на актерската ѕвезда

Глумицата Кристин Дејвис се опрости на Инстаграм од својата славна колешка Френсис Стернхаген која почина вчера во својот дом во Њујорк на возраст од 93 години. Двете глумеа свекрва и снаа во култната серија „Сексот и градот“ и тоа беше една од бројните улоги која ја остави зад себе актерската ѕвезда.

„Тукушто слушнав дека славната Френсис Стернхаген почина. Живееше прекрасен, исполнет живот и беше уживање да се работи со неа. Моите мисли се со нејзиното семејство“, напиша глумицата Кристин Дејвис.

инстаграм, принтскрин

Кристин објави заедничка сцена од прочуената серија и пораката ја заврши со емотикон срце.

Френсис Стернхаген глумеше свекрва Шарлот Јорк од 2000. до 2002. година. Таа улога ѝ донесе номинација за Еми награда. Остави зад себе бројни други впечатливи улоги како онаа во прославениот филм „Driving Miss Daisy”, како и во сериите „Cheers” (со две номинации за Еми признание), „ER“, „Misery“.

Френсис Стернхаген добитничка е на две Тони награди, и двете во категорија за главна глумица(“The Heiress” и “The Good Doctor”). Повеќепати била номинарана за ова признание.

Зад себе остави бројни филмски улоги: “Misery”, “Bright Lights”, “Big City”, “Julie & Julia”, “The Hospital” и “1983’s Independence Day”. Пред десет години ѝ беше врачена Obie награда за животно дело.

Синот на актерката Џон Карлин ја потврди тажната вест на Инстаграм каде го напиша следново за неговата мајка: „Франи. Мама. Мама. Френсис Стернхаген. Во понеделникот вечерта, на 27 ноември, таа почина мирно во својот дом, месец и половина пред нејзиниот 94. роденден…Само напред Франи, се спушта завесата на животот што го живееше толку богато, страсно, скромно и великодушно“.

 

Слични објави

Загина братот на Дарко Лазиќ во сообраќајна несреќа со мотоцикл

Еспресо

„Зошто ја сакам?“: Како зборуваше големиот југословенски шармер Драган Николиќ, за кого љубовта беше пред сè

Еспресо

Марија Микиќ откри сè за односот со Милица Павловиќ: На работ на солзи, објасни што направила нејзината колешка

Еспресо

Ни доаѓа најхаотичниот ден во последните 45 години: Ќе се совпадне речиси сè што не треба, предупредуваат астролозите

Еспресо

Повторно насилство во семејството Голубовиќ: Судот му изрече итна мерка на Кристијан

apostolova

Традиционални македонски рецепти: Посно макало од ореви

Еспресо
Се вчитува....