14.8 C
Скопје
02:00 - 23 октомври, 2026

Шанен Доерти до детаљ го испланира својот погреб: „Пепелта да ми се измеша со онаа на моето куче и на мојот татко“

Познатата актерка Шанен Доерти, најпозната по улогата во серијата „Беверли Хилс, 90210“ со години се бори со ракот.

Таа неколку пати јавно проговори за тоа и истакна дека има бројни метастази, и дека е свесна дека нема уште многу да живее. Таа неодамна на својот подкаст „Да биде јасно“ откри дека направила план за нејзиниот погреб и дека сè договорила со нејзиниот најдобар пријател и извршител на тестаментот Крис Кортаз.

„Ова е морбидна, но и забавна тема. Сакам мојата пепел да се измеша со посмртните остатоци на моето куче и татко ми. И не сакам да бидам погребана без да ме кремираат“, рекла таа, пренесува „Пипл“.

Како што вели, сè уште не е сигурна каде би сакала да и ја расфрлат пепелта, но смета дека би било убаво дури и да се засади, а на тоа место подоцна да израсне дрво.

„Сакам да изберам едно место што јас и татко ми го сакавме и што ни значеше најмногу“, додаде таа и истакна дека често уживале во Малибу.

Актерката искрено рече дека „нејзиниот список на оние кои не би сакала да дојдат на нејзиниот погреб е многу подолг од оние што би ги сакала“.

„Многу луѓе би дошле, а не сум им ни драга. Едноставно тоа е така. Не сакаат да испаднат лоши луѓе, да ги гледаат со презир… Но јас да им ја намалам напнатоста. Сакам мојот погреб да биде како фестивал на љубовта. Не сакам некој да дојде таму и да плаче и да мисли: „Фала боже што замина кучката“, рече таа меѓу другото.

Слични објави

„Комшилук“ освои европска награда за „Травијата во три чина“

Еспресо

(Фото) Наташа Беквалац во бело од глава до пети – позираше во корсет со необичен крој и панталони што ја издолжуваат силуетата

Еспресо

Се огласи Весна Змијанац по тајната венчавка на Николија и Реља – пејачката беше преплавена од емоции

Еспресо

Рада Манојловиќ првпат проговори за гласините дека купила стан и автомобил

Еспресо

(Фото) Игор Џамбазов ја гризе Ивана Кнез за стапалото: „Животот е поубав од филм, ако умееш да го живееш“

К.С.

(Видео) Објавена снимка од тајната венчавка на Николијa и Реља: Заводливо танцуваа, а пејачката блескаше во елегантна венчаница

apostolova
Се вчитува....