7.8 C
Скопје
19:45 - 31 март, 2026

Шакира се враќа во Барселона: Не поради Пике, се подготвува да не оди во затвор!

Шакира се враќа во Барселона, за да се подготви за судењето против даночните власти.
Пејачката ќе седне на обвинителна клупа на 20 ноември.

Шакира Мебарак се подготвува да се врати во Барселона за да се соочи со даночните власти. Колумбиската пејачка ќе мора да седне и да одговара пред Ауденција Национал (Врховниот суд) за шесте точки по кои е обвинета. Имено, таа е обвинета за наводна измама од 14,5 милиони евра за неплаќање данок на доход во финансиските години 2012, 2013 и 2014 година.

Всушност, уметницата планира да слета во Барселона денес, и тоа ќе го направи во придружба на нејзините деца Милан и Саша. Нејзината цел -како што пишуваат странските медиуми- е детално да го подготви судскиот процес кој ќе се одржи за девет дена, но претходно ќе ја посети Севиља каде ќе присуствува на 24. Латино Греми Гала, кој ќе се одржи во Севиља, а на овој голем шпански настан има многу шанси да победи бидејќи има неколку номинации.

Според странските медиуми, децата во овој период ќе бидат под старателство на нивниот татко Жерар Пике, кој овој месец не отпатувал во Мајами за да помине време со нив, поради работните обврски,  пишува шпанскиот весник El Periodico.

Судењето на Шакира ќе опфати 12 рочишта закажани за 22, 23, 28, 29 и 30 ноември, како и на 4, 5, 11, 12, 13 и 14 декември.

Во судницата ќе има 200 сведоци. Колумбијката може да се соочи со казна затвор од осум години и два месеци, како и парична казна од речиси 24 милиони евра во случај да се докаже даночната измама.

Слични објави

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо
Се вчитува....