07:23 - 3 април, 2026

Шакира платила приватен детектив да го следи Пике, така открила не една, туку и други врски и неверства

Разделбата на Шакира и Жерар Пике продолжува да се збогатува со детали. Тие двајцата беа заедно повеќе од дванаесет години, но веќе со месеци секој од нив си беше тргнат по својот пат (сепак, официјалната изјава за разделба пристигна дури на 4-ти јуни). А сега, по гласините за неверство од страна на дефанзивецот на Барселона, пристигнуваат гласини за вмешаност на приватен детектив кој бил ангажиран од поп-ѕвездата и бил на задача да го следи фубалерот за да открие какво- било неверства.

По изјавите на манекенката Сузи Кортез, овој пат се зборува за тајна врска на спортистот со дваесетгодишна русокоса убавица со каталонско потекло (извесна Ц.Ц.), која работи во дискотеката во Барселона „Ла Травиеса“, веќе пријателка на Пуиг (колега на Пике). Има и такви кои се колнат дека Пике ѝ рекол на девојката: „Ти си мојата прва љубов“. Според неофицијални извори, тоа било многу повеќе од флерт или афера. Сепак, нема да бидат објавени фотографии: Шакира ѝ платила на детективската агенција бонус на хонорарот за да ги задржи сликите од неверството приватни, а со тоа и надвор од центарот на вниманието.

Шакира и Пике се родители на Саша и Милан и неодамна отпатуваа – одвоено – во Чешка за да го придружуваат својот најстар син на фудбалски натпревар, но ниту една фотографија од поранешната двојка не стигна до медиумите. Причината? Тие се уште не одлучиле ништо за заедничкото старателство над децата, но во меѓувреме внимаваат да не бидат видени заедно во јавност. Пејачката, пак, последниве денови беше фотографирана на улиците на Барселона како ги придружува децата на училиште или карате. Секогаш строго сама.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shakira (@shakira)

Според извори блиски до фудбалерот 35-годишниот Пике го користи времето по разделбата за целосно да ужива во животот како ерген. Според изјавите на репортерот Хозе Мартин, на повидок се гласини за вечерни трошоци од над две илјади евра и одмор во странство. Затоа пејачката размислува да ја напушти Шпанија за да се врати во Мајами со своите деца.

Сепак, битката меѓу двете ѕвезди допрва почнува, и нема да биде вербална туку законска, за старателството над децата и распределбата на имотот.

 

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....