14:25 - 9 јануари, 2026

Шакира и Пике, тука е договорот за разделба: Што доби, а што загуби пејачката?

Колумбиската пејачка и поранешниот фудбалер, кој неодамна се збогуваше со фудбалот, досега не можеа да одлучат како да постапат за старателството со децата: сепак, мислењата на Шакира преовладаа.

2022 година е предодредена да биде запаметена како онаа што го одбележа прошталниот чекор за некои парови кои изгледаа како навистина нераскинливи. Меѓу браковите што завршија е и оној меѓу Шакира и Жерар Пике, кои со својата љубов ги тераа луѓето да сонуваат со години, врска во која се родија две деца, Милан и Саша, 9, односно 7 години.

Беа заедно 12 години, но никогаш не се венчале, ниту имаат заеднички имот. Токму поради тоа најтежок проблем за нив беше потребата да се најде договор за грижа за децата.

Веќе во последните месеци, колумбиската пејачка рече дека сака да ги земе двете деца со себе на Флорида, каде што претежно живее, додека периодично дозволува нејзиниот поранешен да може да ги гледа. Пике пак, од првиот миг се спротивставуваше на ова, пред сè затоа што оддалеченоста го отежнува организирањето да ги воспита како што тој би сакал.

Сега изгледа Пике омекна, и според договорот дозволил децата да се вратат во САД со мајка си, а тој да ги види – сега најбргу – за божиќните празници кои би ги поминале со него во Барселона.

Lavanguardia.com, познат шпански портал, смета дека пред се поранешниот фудбалер попуштил зашто сакал да стави крај „на проблематичните и навидум бескрајни преговори, за да избегне да стави сè во рацете на судијата“.

Тогаш што губи Шакира во случајов? Ништо. Договорот испадна сосема по нејзина мерка, освен што многу наскоро ќе замине од Шпанија со скршено срце и разочарана од љубовта.

 

 

 

Слични објави

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ пак во болница во Германија, уште една болка по тешката операција

msp-admin

Наташа Беквалац за бившите: Еве каков однос имала нејзината ќерка со Љубомир и Лука

Еспресо

(Видео) Инспектор Томе од „Преспав“ во досега невидено издание, ваков не го знаеме

msp-admin

Нови детали за трагичната смрт: Фризерот што го прослави Карлеуша се разболел во Занзибар и починал по враќањето во Белград

Еспресо

(Видео) Му пеела пред да почине: Калиопи откри интимна приказна

msp-admin

(Фото) Полугола и мокра, Маја Шупут во сензуална прегратка на Шиме

Еспресо
Се вчитува....