08:32 - 7 април, 2026

Шакира и Пике си одбраа славни адвокати: Судската војна започна!

Пејачката и фудбалерот на Барселона не се согласуваат околу иднината на нивните деца Милан и Саша, кои имаат 9, односно 6 години.

По раскинувањето, Шакира и Жерар Пике се обидоа да најдат договор за иднината на нивните деца, но залудно. Затоа решија да се потпрат на стручни адвокати за подобро да се справат со ситуацијата, односно – одат на суд!

Како што објави Ла Вангуардиа, пејачката се потпира на славниот адвокат Пилар Мање додека Пике се одлучил за Тамбореро Абогадос, кој успешно се справи со разводот на тенисерот Аранткса Санчез Викарио. Во центарот на спорот е старателството на малиот Милан и Саша, кои денес имаат по 9 односно 6 години.

Поп-ѕвездата има намера да ги земе децата со себе, да ја напушти Шпанија и да се отсели во Мајами: сака да се врати да живее во САД за повторно да ја разгори својата американска кариера, која многу настрада од нејзиниот долг престој во Шпанија. Всушност Шакира се пресели во Барселона само поради љубов за Пике, и меѓу едната и другата бременост мораше да се справи со проблем со гласните жици.

Пејачката е спремна да му понуди на поранешниот партнер можност да ги гледа децата кога ќе посака, но шпанскиот дефанзивец е целосно против тоа – тој бара децата да живеат во Шпанија.

Слични објави

Хороскоп за 7 април: Раковите носат важна одлука од срце, Водолиите прават чекор кон слобода

Еспресо

Дара Бубамара за хејтерите: „Не смеат да ти кажат во лице, па зборуваат зад грб“

Еспресо

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.
Се вчитува....