6.8 C
Скопје
07:54 - 31 март, 2026

Шакира и Пике денеска слават роденден: Подготвен е одмазничниот подарок!

Светски познатата пејачка, а може да се каже и танчерка, денес слави роденден! Интересен податок е дека нејзиниот поранешен партнер, Жерар Пике, слави роденден на истиот ден. Веќе неколку дена се шушка дека одмаздничкиот подарок е спремен!

Шакира, како што се пишува веќе неколку дена во шпанските медиуми, подготвува уште една одмазда на фудбалерот. Овојпат таа беше инспирирана од пејачката Мајли Сајрус, која 33-от роденден на поранешниот сопруг Лијам Хемсворт го зачини со новата песна „Flowers“.

На новата песна, која ќе му биде роденденски подарок на Пике, Шакира соработувала со колумбиската ѕвезда Карол Џи.

Спотот го снимиле за само два дена, а работеле по 15 часа на ден за се да биде подготвено на време, вели новинарот во подкастот на Мамараците.

Какви стихови подготвила за бившиот партнер, останува да почекаме уште малку. Со оглед на тоа што пејачката се уште не е подготвена да му прости на Жерар Пике што ја изневерил со 23-годишната студентка Клара Чија Марта, очекуваме жестока и одмаздничка песна.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....